Одржана 41 седница на советот

ВЧЕРА  СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА ДЕМИР КАПИЈА ЈА ОДРЖА 41 СЕДНИЦА НА КОЈА СОВЕТНИЦИТЕ ВОДЕА РАСПРАВА ШЕСТ ТОЧКИ ОД ДНЕВНИОТ РЕД

Традиционалната манифестација  недела на традицијата Свети Трифун, посветена на Денот на лозарите и винарите беше главна тема на  на вчерашната  41 седница што ја одржа советот на општината Демир Капија.Што содржи годинашнава програма на оваа  манифестација и што со неа Општината очекува да постигне,советниците беа поопширно запознати од Јован Јованов член од организацискиот одбор на оваа манифестација, како и Трајче Димитриев градоначалник на Демиркаписка општина. Меѓу другото беше кажано дека Општината Демир Капија годинава по третпат ќе ја организира споменатата манифестација посветена на Денот на лозарите и винарите. Реализацијата на подготвената програма е започната на 9 овој месец и ќе трае се до празникот Свети Трифун денот на лозарите. На овој ден се очекува да допатуват голем број поканети гости ширум нашава земја. Во центарот на градот ќе биде поставена бина на која ќе се реализира програмата за прослава на денот на лозарите и винарите. Во присуство на граѓаните од општината и гостите на симболичен начин ќе се означи закројувањето на винова лоза од страна на Свештеникот Дејан Таневски, градоначалникот Трајче Димитриев и почесни гости.Потоа програмата ќе продолжи со наградување на лицата кои учествуваа на одржаните натпревари, а ќе биде изведена и богата културно уметничка приредба. Со оваа манифестација се очекува да се забрза развојот на туризмот и да се привлечат голем број туристи. По донесената одлука се помина по втората точка која се однесуваше за донесување на одлука за давање согласност за отуѓување, односно продажба на недвижен имот со право на првенствено купување. На вчерашната седница беше донесена и одлука за утврдување на потребата од донесување урбанистичко планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајна инфраструктура во градот Демир Капија.Со неколку прашања од страна на советниците беше усвоен и извештајот за работата и постигнатите резултати за првото полугодие од оваа учебна година на Општинското основно училиште Димче Ангелов Габерот од Демир Капија. Сузана Мешкова педагог на ова учичишште со подготвениот извештај ја презентираше работата на просветните работници кои дават се од себе учениците да постигнат успеси во школувањето. Седницата заврши со разгледување на неколку барања од страна на жители од оваа општина.

                                        

mk_MKMacedonian
Skip to content