ИЗГРАДБА НА НОВО ПОДРАЧНО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛО ЧЕЛЕВЕЦ

ИЗГРАДБА НА НОВО ПОДРАЧНО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛО ЧЕЛЕВЕЦ

Основното подрачно училиште во селото Челевец било изградено во 1945 година.Бидејќи од тогаш па до сега се немало никогаш извршено
реконструкција, санација и реновирање од забот на времето претрпило многу оштетување и како такво постоела опасност за учениците што овде се школуваат на турски мајчин јазик.За да се избегне опасноста кај учениците од рушење на оваа училишна зграда, потребата од изградба на ново основно училиште била согледана од поодамна, но досега се чекало да се обезбедат потребните средства. Така врз основа на изработена техничка документација од страна на Општината Демир Капија, се успеало да се обезбедат околу 38 илјади евра, доделени од Турската администрација за развој и соработка ТИКА, со преставништво во Република Македонија.Со обезбедените средства се изгради нова училишна зграда со квадратна површина од 136 метри.Училишната зграда располага со две современи училници, канцеларија, ходник и санитарни јазли. Исто така од страна на ТИКА дополнително е обезбеден мебел за опремување на ова нова училишна зграда.Според планот, во текот на месец октомври се очекува подрачното училиште свечено да биде предадено во употреба.

                               

mk_MKMacedonian
Skip to content