Се известуваат сите физички и правни лица од општина Демир
Капија дека општина Демир Капија покренува иницијатива за
прибирање предлози за доделување на наградата “7-ми Ноември” и
признанија за 2020 година.

  1. Иницијатива за доделување на награда “7-ми Ноември” и
    признание може да поднесат сите физички и правни лица од Општина
    Демир Капија. Иницијативата се поднесува во писмена форма и истата
    содржи пошироко образложение за кандидатот односно кандидатите
    кои се предлагаат за наградата односно признанието, неговите
    остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на
    Општина Демир Капија и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација
    во областа на економскиот развој, науката, уметноста, образованието,
    културата, здравствената заштита и унапредувањето на животната
    средина и природата, како и во други области.
    Подносителот на иницијативата во својот предлог задолжително
    мора да назначи дали кандидатот или кандидатите се предлагаат за
    награда “7-ми Ноември” или признание.
  2. Наградата “7-ми Ноември” се доделува на поединци, група
    творци, претпријатија, установи, организации и здруженија на граѓани,
    за особено значајни остварувања од интерес на општината.
  3. Признанијата се доделуваат за посебен придонес во развојот,
    унапредувањето и афирмацијата на Општина Демир Капија.
  4. Иницијативите се доставуваат до Советот на Општина Демир
    Капија, преку архивата на општина Демир Капија на адреса на ул.11-ти
    Октомври бб Демир Капија најдоцна до 30 Октомври 2020 година.
    Општина Демир Капија,
    Градоначалник Лазар Петров