Подобрување на раниот детски развој и инклузивното образование во Демир Капија

Општина Демир Капија во наредните 6 месеци ќе ги реализира актиностите од проектот “Подобрување на раниот детски развој и инклузивното образование во Демир Капија”. Овој проект, Општина Демир Капија ќе го реализира во рамките на програмата Општинско – корисна работа и во соработка со Агенцијата за вработување и Програмата за развој на Обединетите нации. Исполнувањето на главната цел на оваа програма “Од граѓаните за граѓаните” започна да  се реализира со  потпишување на договори за работно ангажирање на четири невработени лица. Невработените лица, ангажирани во проектот “Подобрување на раниот детски развој и инклузивното образование во Демир Капија” за време на својот шест месечен ангажман ќе помагаат во воспитно-згрижувачкиот процес на над 100 децата во детската градинка “ Борис Трајковски ” во Демир Капија и населените места, затоа што во тек е создавање на услови за отворање на клон на детската градинка во с.Корешница и објект за ран детски развој во с.Бистренци. Детската градинка е партнер институција на Општина Демир Капија во овој проект и преку овој проект на невработените лица ќе им се подобрат можностите за појавување на пазарот на трудот и ќе се подобри услугата на детската градинка за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.

Покана за јавна расправа за Проектот: “Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција

Почитувани,

Ве покануваме за  учество на јавната расправа  за  спроведување на  постапка за оцена на влијание на проектот врз животната средина за проектот; “Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција“   организирана од  Министерството за животна средина и просторно планирање. Јавната расправа за општините Демир Капија и Неготино ќе се одржи на   20 Ноември 2020 година  (петок) во 10.00 часот .  Линкот за вклучување во Јавната расправа е:
Join Zoom Meeting
https://zoom.us/j/98185700425?pwd=RlRUWnJmdERyY2tuUEdwSVVKa1ZnQT09

Meeting ID: 981 8570 0425
Passcode: 836115

Анкетен прашалник за граѓанско буџетирање

Во пресрет на креирање на буџетот на Опшрина Демир Капија за 2021 година, со цел да се активираат граѓаните во креирањето на буџетот, изработивме краток прашалник преку кој жителите на општината ќе можат да учествуваат во утврдување на приоритетите за 2021 година, каде треба да се алоцираат средствата а во рамките на финасиските средства кои општината ги има на располагање.
Во прилог е анкетниот прашалник кој ќе биде достапен до 30.11.2020 https://s.surveyplanet.com/0W3eXihVB

Соопштение 22.10.2020

Се известуваат сите физички и правни лица од општина Демир
Капија дека општина Демир Капија покренува иницијатива за
прибирање предлози за доделување на наградата “7-ми Ноември” и
признанија за 2020 година.

  1. Иницијатива за доделување на награда “7-ми Ноември” и
    признание може да поднесат сите физички и правни лица од Општина
    Демир Капија. Иницијативата се поднесува во писмена форма и истата
    содржи пошироко образложение за кандидатот односно кандидатите
    кои се предлагаат за наградата односно признанието, неговите
    остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на
    Општина Демир Капија и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација
    во областа на економскиот развој, науката, уметноста, образованието,
    културата, здравствената заштита и унапредувањето на животната
    средина и природата, како и во други области.
    Подносителот на иницијативата во својот предлог задолжително
    мора да назначи дали кандидатот или кандидатите се предлагаат за
    награда “7-ми Ноември” или признание.
  2. Наградата “7-ми Ноември” се доделува на поединци, група
    творци, претпријатија, установи, организации и здруженија на граѓани,
    за особено значајни остварувања од интерес на општината.
  3. Признанијата се доделуваат за посебен придонес во развојот,
    унапредувањето и афирмацијата на Општина Демир Капија.
  4. Иницијативите се доставуваат до Советот на Општина Демир
    Капија, преку архивата на општина Демир Капија на адреса на ул.11-ти
    Октомври бб Демир Капија најдоцна до 30 Октомври 2020 година.
    Општина Демир Капија,
    Градоначалник Лазар Петров

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОДЕЛНИ СРЕДСТВА ОД ВЛАДАТА НА РСМ ПРЕКУ СВЕТСКА БАНКА ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА

На Општина Демир Капија и се доделени неповратни средства од Владата на РСМ преку заемот на Светска Банка за Проектот за поврзување на локалните патишта во висина од 626.175,00 евра за санација на четирите локални улици („11 Октомври“, „8миМарт“, „Гоце Делчев“ и „Маршал Тито“).  Проектните активности ќе бидат спроведени во следните должини на локалните улици:
• Санација на локалната улица „11 Октомври“ во должина од 158,13 м;
• Санацијa на локална улица ‘8миМарт”, во должина од 143,38 м;
• Санација на локалната улица „Гоце Делчев“, во должина од 213,68 м; и
• Санација на локалната улица Маршал Тито, водолжина од 195,89 м.
Главните активности ќе вклучуваат: обележување и обезбедување на трасата на локацијата на проектот, механичко сечење на асфалтот на оштетените делови и транспорт до депонија; поставување на тампонски слој од кршен камен; изградба на нов придружник; поставување на асфалтен слој.