Одделение за инспекциски работи – инспекторат

Одделение за инспекциски надзор – инспекторат ги врши работите кои се однесуваат на:

инспекциски надзор и контрола над спроведувањето на законските прописи од областа на комуналните дејности;

инспекциски надзор и контрола над спроведувањето на законските прописи од областа на патниот сообраќај;

инспекциски надзор и контрола над спроведувањето на законските прописи од областа на животната средина;

инспекциски надзор и контрола над спроведувањето на законските прописи од областа на даноците и комуналните такси;

инспекциски надзор и контрола над спроведувањето на законските прописи од областа на образованието;

врши и друг вид на инспекциски надзор и контрола согласно надлежностите на општината предвидени со закон и други прописи и

други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот на општината.

Контакт лица:

Тони Каранфилов – Комунален инспектор

тел. 072-255-520

e-mail. toni.karanfilov@opstinademirkapija.gov.mk

Анета Ристова – Инспектор за животна средина

тел. 072-250-813

e-mail. aneta.ristova@opstinademirkapija.gov.mk

Одделение за управување со човечки ресурси

Одделението за управување со човечки ресурси ги врши работите кои се однесуваат на:

– ја изработува годишната програма за работа на одделението;

– се грижи за правилна примена на законските и подзаконските акти од областа на човечките ресурси;

– остварува редовна комуникација и соработка со другите одделенија за човечки ресурси од органите на управата со цел откривање на човечки потенцијали и дава предлог за вработување без јавен оглас од еден во друг орган;

–  учествува во спроведувањето на организацискиот развој на органот кој ги адресира прашањата на планирање, развој на вработените, задржување на вработените, управување со промените, обука на вработените;

– го следи развојот на организациската култура во органот;

– советува и соработува со другите раководители за прашања од областа на управувањето со човечките ресурси;

– го пишува Предлог-Правилникот за систематизација на работните места во органот;

– изработува прашања за посебниот дел од стручниот и приправничкиот испит;

– ги подготвува обрасците за оценување на државните службеници во општинската администрација;

– спроведува анализа за потреба од обука на државните службеници;

– изработува нацрт-Годишна програма за обука на државните службеници;

– ја следи примената на Етичкиот кодекс на државните службеници и по потреба изработува извештаи;

– води лични досиеја и ја одржува базата на податоци за државните службеници и доставува известувања за настанатите промени во Регистарот на државните службеници;

– го остварува начелото на јавност и транспарентност во работењето на органите на општината;

– води протокол за потребите на органите на општината;

– врши информирање на граѓаните и овозможува слободен пристап на информации од јавен карактер: прима и постапува по усни и писмени претставки на граѓаните;

– соработува со Агенцијата за државни службеници;

– води дисциплински постапки;

– координирање, организирање и подобрување на соработката помеѓу невладините организации и локалната самоуправа;

– врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот на општината.

Лице за контакт:

Сузана Крстова тел. 071-324-697

email:suzana.krstova@opstinademirkapija.gov.mk

Одделение за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина

УСЛУГИ ШТО СЕ ДАВААТ НА ГРАЃАНИТЕ:

ИЗВОД ОД УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН

За издавање на извод од урбанистички план се поднесува:

Барање (готов образец се добива во општината)

– Прилози кон барањето се:

  1. копија од катастарски план за катастарска парцела
  2. имотен лист
  3. потврда за платени административни такси

ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ

За одобрение за градење се поднесува:

Барање во електронска форма (https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f)

– Прилози кон барањето се:

  1. Архитектонско – урбанистички проект заверен од надлежен орган, доколку со урбанистичкиот план или урбанистичко планската документација е предвидена изградба на овој проект, односно проект за инфраструктура, доколку барањето се однесува за линиски инфраструктурни градби;
  2. Oсновен проект со извештај за ревизија на основниот проект или писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект, доколку истиот е издработен во странство како и позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата;
  3. Идеен проект доколку истиот предходно е доставен и одобрен;
  4. Доказ за право на градењe и
  5. Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште;
  6. Доказ за платени административни такси.

Надлежните служби го утврдуваат надоместокот за уредување на градежно земјиште.

Рокот за издавање на одобрението за градење е 5 работни дена од доставување на доказ платен надоместок за уредување на градежно земјуште односно од денот на склучување на договор за начин на плаќање. Одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно.

РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ИЗМЕНА ВО ТЕКОТ НА ИЗГРАДБАТА

За решение за одобрување на измена во текот на изградбата се поднесува:

Барање (https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f)

– Прилози кон барањето се:

  1. Анекс/дополнување на основниот проект со извештај за ревизија;
  2. Само оние потврди и согласности чие прибавување произлегува од бараната измена
  3. Доказ за платени административни такси

ПРОМЕНА НА ИНВЕСТИТОР

За решение за промена на инвеститор се поднесува:

Барање (https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f)

– Прилози кон барањето се:

  1. Известување за статус на инвеститор;
  2. Доказ дека има статус на инвеститор;
  3. Доказ за платени административни такси.

ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНИ РАБОТИ

За одобрение за подготвителни работи се поднесува:

Барање (https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f)

– Прилози кон барањето се:

  1. Проект за подготвителни работи;
  2. Согласности, мислења и докази за регулирање на имотно-правни односи за земјиштето на кое ќе бидат поставени градбите за подготвителни работи.

ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ВРЕМЕН ОБЈЕКТ

За одобрение за поставување на времен објект се поднесува:

Барање

– Прилози кон барањето се:

  1. Договор за краткотраен закуп на градежното земјиште склучен согласно со закон;
  2. имотен лист за предметното земјиште;
  3. идеен проект за поставување на времен објект изработен согласно микролокациските услови
  4. Доказ за платени административни такси

ОДОБРЕНИЕ ЗА УПОТРЕБА

За издавање на одобрение за употреба се поднесува:

Барање (https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f)

– Прилози кон барањето се:

  1. Основен проект, а доколку се извршени измени во текот на изградбата проект на изведена состојба;
  2. Завршен извештај од надзорниот инженер со кој е потврдено дека градбата е изградена согласно со основниот проект  и одобрението за градење;
  3. Извадок од јавната книга за запишување на правата на недвижностите за последната состојба на запишаните права на градбата (имотен лист), заради утврдување на правниот однос во врска со градбата меѓу инвеститорот и сопственикот на земјиштето;
  4. Доказ за платени административни такси.

Рок за издавање на одобрението за употреба е 15 дена од денот на извршениот технички преглед, ако комисијата која го извршила техничкиот преглед во записникот констатира дека градбата може да се даде во употреба.

ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕНАМЕНА, АДАПТАЦИЈА и  РЕКОНСТРУКЦИЈА 

За издавање на одобрение за пренамена, адаптација и реконструкција се поднесува:

Барање (https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f)

– Прилози кон барањето за пренамена се:

  1. Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот односно станот или делот од стан кој е предмет на пренамена;
  2. Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои представуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот;
  3. Основен проект за предвидената пренамена, со позитивен извештај на ревизија на истиот;
  4. Извод од урбанистички план или урбанистичко планска документација со кој се потврдува дека објектот на пренамена е предвиден со планската документација;
  5. Доказ за платени административни такси.

– Прилози кон барањето за реконструкција се:

  1. Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот;
  2. Имотен лист за објектот предмет на реконструкција или правосилно решение за утрдување на првен статус на бесправен објект;
  3. Основен проект за предвидената реконструкција, со позитивен извештај на истиот.

– Прилози кон барањето за адаптација се:

  1. Имотен лист за објектот предмет на адаптација или правосилно решение за утрдување на првен статус на бесправен објект;
  2. Проект за адаптација кој содржи постојна состојба и нова состојба што се предвидува со адаптацијата.

Рок за издавање на одобрение за пренамена, адаптација и реконструкција е 5 работни дена, доколку доставената документација е комплетна.

ОДОБРЕНИЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОБЈЕКТ ИЛИ НЕГОВ ДЕЛ

За издавање на одобрение за отстранување на објект или негов дел се поднесува:

Барање

– Прилози кон барањето се:

  1. доказ за сопстевност на објектот;
  2. проект за отстранување на објект или негов дел
  3. Доказ за платени административни такси

ЛИСТА НА ОДОБРЕНИ ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА

Лице за контакт:

Тони Петков тел. 070-303-641

e-mail. toni.petkov@opstinademirkapija.gov.mk

Одделение за локален економски развој

Одделението за локален економски развој ги врши работите кои се однесуваат на:

Планирање на локалниот економски развој;

Изработка на стратешки документи за развој на општината;

Изготвување на проекти и програми за локален економски развој;

Изготвување на проекти за регионалниот економски развој во соработка со другите општини во регионот;

Поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на локално ниво;

Воспоставување и развој на локална мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;

Врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот на општината.

Лице за контакт:

Анета Ристова тел. 072-250-813

e-mail. aneta.ristova@opstinademirkapija.gov.mk

 

Одделение за финансиски прашања

УСЛУГИ ШТО СЕ ДАВААТ НА ГРАЃАНИТЕ:

ПРИЕМ НА СТРАНКИ И ИЗДАВАЊЕ НА УПЛАТНИЦИ ПО СИТЕ ВИДОВИ ДАНОЦИ И ТАКСИ

Врз основа на издадено решение со кое се задолжува, на барање на странката се издава уплатница.

Рок на издавање – веднаш.

УВЕРЕНИЕ ЗА ПЛАТЕНИ ДАНОЧНИ ОБВРСКИ

Се пополнува барање за уверение за платени даночни обврски со:

  1. Доказ за платен данок
  2. Доказ за уплатени административна такси.

Рокот за донесување на актот – веднаш.

РЕШЕНИЕ ЗА ВИСИНАТА НА ДАНОКОТ НА ИМОТ

Обврзникот на данокот на имот е должен да поднесе даночна пријава до 31 јануари во годината за која се врши утврдување на данокот.

Градоначалникот на општината донесува решение за висината на данокот на имот најдоцна до 31 Март во годината за која се утврдува данокот на имот и му доставува решение на даночниот обврзник за утврдениот данок.

Рок за донесување на актот 31 Март секоја година.

РЕШЕНИЕ ЗА ВИСИНАТА НА ДАНОКОТ НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

Обврзникот на данокот на наследство и подарок е должен да поднесе даночна пријава во рок од 15 дена од денот на настанувањето на даночната обврска. Пријавата се поднесува до општинската администрација каде што се наоѓа недвижниот имот кој обврзникот го наследува или прима на подарок.

Градоначалникот на општината донесува решение за висината на данокот на наследство и подарок најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на даночната пријава и на даночниот обврзник му доставува решение утврдениот данок.

Рок за донесување на актот 30 дена од денот на приемот на даночната пријава.

РЕШЕНИЕ ЗА ВИСИНАТА НА ДАНОКОТ НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ

Обврзникот на данокот на промет на недвижности е должен да поднесе даночна пријава во рок од 15 дена од денот на настанувањето на даночната обврска. Пријавата се поднесува до општинската администрација каде што се наоѓа недвижноста.

Градоначалникот на општината донесува решение за висината на данокот на промет на недвижности најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на даночната пријава и на даночниот обврзник односно на купувачот му доставува решение утврдениот данок.

Рок за донесување на актот 15 дена од денот на приемот на даночната пријава.

РЕШЕНИЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗВРШУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОЧЕН ДОЛГ

За решение за одложување на извршувањето се поднесува:

– Барање за одлагање на даночниот долг

– Прилози кон барањето се:

  1. банкарска гаранција, доказ за уплатен готовински депозит или обезбеди друг инструмент за обезбедување на плаќањето.

РЕШЕНИЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ИЛИ НА ПОГРЕШНО УПЛАТЕН ДАНОК

Се пополнува барање за враќање на повеќе или на погрешно уплатен данок со:

  1. доказ за уплатени средства
  2. трансакциона сметка на која треба да се врата средствата.

РЕШЕНИЕ ЗА ВИСИНАТА НА КОМУНАЛНАТА ТАКСА

Обврзникот на таксата е должен во рок од 15 дена од денот на настаната обврска или настанатата промена да поднесе пријава до општинската администрација.

Градоначалникот на општината со решение ке ја утврди висината на таксата воп годишен износ

Градоначалникот на општината според податоците од состојбата на 1 јануари секоја година за секој обврзник одделно со решение го утврдува износот на таксата што треба да се плати.

Лице за контакт:

Евгенија Георѓиев тел. 072-315-345

email: evgenija.gjorgjiev@opstinademirkapija.gov.mk

Bilans na prihodi nivo na podstavka-Budzet 2019

Bilans na rashodi nivo na podstavka – Budzet 2019

Bilans na rashodi po potprogrami-Budzet 2019

Poseben del-Budzet 2019

kvartalen izv.01.01-30.06.2017

kvartalen izv.01.01-30.09.2017

kvartalen izv.01.01-31.03.2017

Kvartalen izvestaj 01.01.-31.12.2017

BUGET 2017 BILANS NA RASHODI – POT

BUGET 2017 -BILANS NA PRIHODI-POT

Биланс на приходи – Буџет 2018

Биланс на приходи по завршна сметка-2017

Биланс на расходи – Буџет 2018

Биланс на расходи по завршна сметка – 2017

Биланс на расходи по потпрограми – буџет 2018

Посебен дел – завршна сметка 2017

Биланс на расходи по завршна сметка -2016

Биланс на приходи по завршна сметка -2016

Завршна сметка 2016 – посебен дел

Биланс на приходи – 2015

Биланс на расходи – 2015

Посебен дел – 2015

Приходи – Буџет 2014

Расходи – Буџет 2014

Буџет 2014 – Посебен дел

Завршна сметка 2014 – Приходи

Завршна сметка 2014 – Расходи

Завршна сметка 2014 – Посебен дел

Буџет 2013 – Приходи

Буџет 2013 – Расходи

Буџет 2013 – Посебен дел

Биланс на приходи по завршна сметка – 2013

Биланс на расходи по завршна сметка – 2013

Завршна сметка 2013 – посебен дел

Биланс на приходи – 2012

Биланс на расходи – 2012