ЈКП „БОШАВА“ Демир Капија

Договор за одржување на јавна чистота на територијата на општина Демир Капија за 2018

Извештај за произведени и фактурирани количества вода за пиење за годините 2015, 2016 и 2017 во град Демир Капија

Годишен план за јавни набавки – 2018

Исправка на вредноста и пресметка на амортизација на основните средства

Пописни листи

Процент на наплата по услуги – 2017

Процент на наплата по услуги – 2016

Процент на наплата по услуги – 2015

Тарифник за утврдување на цени на комуналните услуги

Тарифик за утврдување на цените за пазаришни, погребални и други услуги

Решение за давање Согласност на Одлуката за именување на на цените на комуналните услуги во делот за надомест за изнесување на смет

Решение за давање Согласност за измена на тарифникот за утврдување на цените на услуги во делот – Други услуги

 

 

ЈОУДГ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ” Демир Капија

ЈОУДГ „Борис Трајковски“ како објект е нормативно  и наменски граден и во целост одговара за потребите на децата. Капацитетот на децата изнесува 60 деца.

Градинката располага со 301 м корисна површина и 552 м дворна површина.

Предучилишната установа како најповолна општествена средина располага со најоптимални услови за развој на сите потенцијали и способности на детето.

Организирањето на животот во ЈОУ. „Борис Трајковски“ за целодневен престој е детерминирано од целите на воспитувањето на децата, но и од самата улога на детската градинка за психофизичкиот развој на детето.

Градинката располага со 4 простории за згрижување и воспитно образовна дејност. Согласно тоа во сите занимилни постојат соодветни катчиња на активности./

Во детската градинка „Борис Трајковски“ згрижени се 60 деца од кои јаслена група ја сочинуваат 6 деца, мала група 13, средна група 13 и голема група 28.

Дејноста згрижување на децата започнува од 6:30 ч. До 17:00 ч.

Во градинката „Борис Трајковски“ згрижувањето и воспитувањето на децата се остварува преку: престој, згрижување, нега, исхрана, воспитување, образование, спортски рекреативности,

Културно-забавни активности, мерки и активности за зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до вклучувањето во образовниот процес.

Дом на култура „МИРКА ГИНОВА“ – Демир Капија

Во општина Демир Капија фигурира Дом на културата во чии состав во единица сценско музички самодејности членуваат :

  • Куд Мирка Гинова;
  • Драмскиот театар Мирка Гинова;
  • Народниот оркестар;
  • Тамбурашкиот оркестар;
  • Пеачката група;
  • Балетската група.

Во 1963 година е формирана драмска секција Мирка Гинова која подоцна прераснува во аматерски театар Мирка Гинова кој како таков работи до ден денес.

Културно уметничкото друштво Мирка Гинова работи во рамките на Домот на културата  формирано во 1963 година активно функционира негувајќи ги традиционалните обичаи и македонскиот народен фолклоркој произлегува од овие краеви на Македонија.

Во склоп на општината има и народна библиотека која располага со 2100 книги и брошури.

ООУ Димче Ангелов Габерот – Демир Капија

ООУ„Димче Ангелов Габерот“- Демир Капија

Ул.„М.Тито“ бр.11

Тел/факс : 043 366 202

Email: gaberot_dkapija@yahoo.com

Facebook: http://www.facebook.com/profile.php?id=100000114852285&ref=tn_tnmn

Директор : Менче Николова

Наставници: одделенска настава 13, предметна настава 20

Стручни работници: педагог и библиотекар

Вкупно вработени: 52

Ученици :

Од I до V деветгодишно основно образование 117 ученици во 7 паралелки;

Од VI деветгодишно до VIII осумгодишно 176 ученици во 8 паралелки.

Училиштето работи во една смена.

Подрачни училишта:

ПУ с.Корешница ( 24 ученици, две комбинирани паралелки);

ПУ с. Бистренци ( 18 ученици, две комбинирани паралелки);

ПУ с. Прждево ( 10 ученици, една комбинирана паралелка);

ПУ с.Челевец ( 9 ученици, една комбинирана паралелка).

Вкупен број на ученици: 354

Патронен празник: 12 мај