Одржана 22 седница на Совет на општина Демир Капија.

На ден 28.06.2019 година Советот на општина Демир Капија ја одржа 22 седница на која беа разгледани и усвоени девет точки од дневниот ред. По разгледувањето и усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоена Програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Демир Капија за 2019 година во глава IV. Донесување на урбанистички план вон населено место се додава нова точка 13 која гласи : Изработка на УПВНМ за изградба на Г2 – лесна индустрија и Е2 – комунална супраструктура (фотоволтна централа ) кп.бр.42 и кп.бр 43 м.в. Вировите, КО Корешница, општина Демир Капија. По разгледувањето на втората точка од дневниот ред беше донесена Одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Неготино, Општина Кавадарци, Општина Росоман и Општина Демир Капија поднесена од Градоначалникот на Општина Демир Капија за реализација на проект од регионален карактер – изградба на акумулација Бучевник на река Дошница.Третата точка од дневниот ред исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Одлука за измена и дополнување на Одлуката за одредување земјиште за привремено кампирање со која се менува членот 2 и земјиштето од член 1 на оваа одлука ќе се користи за привремено кампирање за период од една година сметано од 01.05.2019 година со цел да се продолжи промовирањето на Демир Капија и развивање на алтернативен туризам, а исто така и за привлекување на нови категории на гости во нашето подрачје.Потоа се премина на четвртата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ – Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија за 2019 година. По разгледувањето на петата точка од дневниот ред беше усвоено Решение за давање согласност на Правилник за внатрешна организација и Правилник за систематизација на работните места во Јавната општинска установа за деца – Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија кои се донесени од управниот одбор на установата.Потоа се премина на шестата точка од дневниот ред на која беше донесено Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на ЈКП БОШАВА Демир Капија. Седмата точка од дневниот ред исто така беше усвоена а се однесуваше на донесување Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на ОУ Дом на култура “Мирка Гинова“ Демир Капија. По разгледувањето на осмата точка од дневниот ред беше донесено Решение за одобрување финансиски средства за организирање на традиционален ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ Бистренци за 2019 година кој е во организација на Месната заедница с.Бистренци и Организациониот одбор на турнирот.Со оваа одлука се одобруваат финансиски средства во износ од 30.000,00 денари , како финансиско учество за покривање на трошоците за организацијата на турнирот.Седницата заврши со советнички прашања.

Одржана 21 седница на совет на општина Демир Капија.

Советот на општина Демир Капија ја одржа дваесет и првата седница на која беа разгледани и усвоени осум точки од дневниот ред. По разгледувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која Советот на оптшина Демир Капија одобрува финансиски средства во висина ОД 1.096.677,00 денари за кофинансирање на Проектот “Создавање услови за ново сообраќајно поврзување со автопатот Е-75 преку доизградба на анекс на клучка, општина Демир Капија, со кои средства треба да се надоместат непредвидените работи кои што со основниот договор не се опфатени, а треба да се изведат за реализација на проектот. По разгледувањето на втората точка од дневниот ред беше донесена одлука за давање согласност за аплицирање на Предлог проект “Подобар социо-културен живот со инклузивен импакт кон сите групи на жители“.Со оваа одлука се дава согласност за поднесување на апликација за предлог проектот – Подобар социо – културен живот со иклузивен импакт кон сите групи на жители во повикот за инфраструктурни проекти во рамките на Нордиската помош, подржана од Кралската амбасада на Норвешка во Белград и Кралството Шведска.Потоа се премина на третата точка од дневниот ред на која беше донесено Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување во 2020 година на ООУ “Димче А.Габерот“ Демир Капија, изготвен врз основа на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред беше усвоено Решението за давање Согласност на Статутарна Одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈКП БОШАВА Демир Капија усвоена од управниот одбор на ЈКП Бошава на одржаната седница на 29.05.2019 година.По разгледувањето на петата точка беше усвоено Решение за давање Согласност на Правилникот за плати на вработените во ЈКП БОШАВА Демир Капија кое исто така е усвоено од Управниот одбор на ЈКП Бошава од Демир Капија на одржаната седница.Потоа се премина на шестата точка од дневниот ред на која беше усвоено Решението за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈКП “Бошава“ Демир Капија за периодот од 01.01.2019 година до 31.03.2019 година кој исто така е усвоен од Управниот одбор на оваа претпријатие. Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и советнички прашања.

Одржана дваесетта седница на советот на општина Демир Капија

На ден 20.05 2019 година советот на општина Демир Капија ја одржа дваесетта седница на која беа разгледани и усвоени десет точки од дневниот ред.По разгледувањето и усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на пазарната вредност на градежно земјиште на подрачјето на Општина Демир Капија за 2019 година со која во случај на купопродажната вредност на имотот во договорот за купопродажба е повисока од утврдената пазарна вредност според Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот, во тој случај како даночна основица се зема постигнатата цена од договорот за купопродажба. Втората точка од дневниот ред исто така по разгледувањето беше усвоена , а се однесуваше на Програмата за остварување на социјалната заштита во Општина Демир Капија за 2019 година во која се применети определбите на локалната самоуправа со која се имплементираат стратешките приоритети на Општината за тековната година , односно буџетот на општина Демир Капија, но и мерките утврдени со политиката и документите на национално ниво.Програмата предвидува соработка со надлежниот центар за социјална работа односно со министерството за труд и социјална политика, Министерството за здраство и сите други министерства со кои ќе биде потребно да се соработува, приватниот сектор и невладините организации.Потоа се премина на третата точка од дневниот ред на која беше усвоена Програмата за заштита и благосостојба на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственик за 2019 година која ги вклучува следните општи мерки: Собирање на бездомни кучиња, односно нерегестрирани кучиња затекнати на јавни површини без присуство на сопственик и привремено сместување во прифатилиште, заловување на бездомни кучиња, третман на заловување на бездомни кучиња ( кастрација, здраствено третирање, социјализација, обележување со микрочип, враќање во реонот од каде што е земено) и контрола на популацијата на бездомни кучиња. По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред беше донесено Решение за давање Согласност на Статутарна Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавната општинска установа за деца Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија. Петата точка од дневниот ред исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на Јавната општинска установа за деца Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија.Потоа се премина на шестата точка од дневниот ред на која беше донесено Решение за одобрување на финансиски средства на Здружение Спортски клуб КЛИСУРА Демир Капија за INTERNATIONAL OUTDOOR FESTIVAL – DEMIR KAPIJA за 2019 година во износ од 30.000,00 денари.По разгледувањето на седмата точка беше донесено решение за одобрување на финансиски средства на Црковен одбор с.Клисура во висина од 30.000,00 денари како финансиско учество на општината по повод организирањето на верскиот празник Св. Никола во село Клисура.Осмата точка по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување Решение за одобрување на финансиски средства на Месна заедница с.Корешница за организирање на културно спортската манифестација од отворен тип, Традиционален турнир во мал фудбал Свети Спас Корешница за 2019 година во висина од 30.000,00 денари. Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и советнички прашања.

Одржана деветнаесетата седница на совет на општина Демир Капија.

На ден 23.04.2019 година Советот на општина Демир Капија ја одржа деветнаесетата седница на која беа разгледани и усвоени четиринаесет точки од дневниот ред. По разгледувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоен Предлог заклучокот за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Демир Капија за првиот квартал 2019 година, при што се истакна дека вкупните даночни приходи во првиот квартал изнесуваат 2.168.368 денари, а реализацијата на тековно оперативниот биланс на приходната страна изнесува 47.325.068 денари. Вкупните капитални приходи се во износ од 336.972 денари. Тековно оперативните расходи изнесуваат 19.987.648 денари, а вкупните капитални расходи изнесуваат 21.367.195 денари. Втората точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во општина Демир Капија за 2019 година со која се утврдуваат општите мерки, целите, планираните активности, финансирањето и извршителите над спроведувањето на програмата при што потребно е превземање на соодветни општи мерки со цел спречување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на заразните болести и на инфекциите. По разгледувањето на третата точка од дневниот ред беше усвоена Програмата за работа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за 2019 година која има задача за вклучување на родовата перспектива во процесот на проценување на импликации за жените и мажите на секоја планирана акција, вклучувајќи ја легислативата, политиките и програмите, во секоја област и на сите нивоа.Потоа се премина на четвртата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за Детален урбанистички план за Винарска визба “Винарија ГАМА“ Општина Демир Капија, плански период (2018-2023), со површина на плански опфат (4,68 Ха), изработен од „Студио Атриум“ ДОО-Штип од декември 2018 година, во согласност со член 39 од законот за просторно и урбанистичко планирање и правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови.По разгледувањето на петата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за одредување земјиште за привремено кампирање во рамките на следните граници –КП.бр.5017/1,КП.бр.5017/2,КП.бр.5017/3, КП.бр.5017/4, КП.бр.5017/5, КП.бр.5017/6 за КО Демир Капија.Земјиштето од став 1 е сопственост на ДТАПРУ РОКЛЕНД ДОО Демир Капија, а отстапено на користење на ДОО Карпи за секој од Демир Капија.Шестата точка по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување одлука за збратимување на Општина Демир Капија со Општина Паредеш од Р.Португалија, со Општина Гвадасуар од Р.Шпанија, со општина Виареџо од Р.Италија и со Општина Лежа од Р.Албанија.Потоа се премина на седмата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за отпочнување на активности за ажурирање на процената на загрозеност за општина Д. Капија.Со донесувањето на оваа одлука отпочнуваат активностите за редовно ажурирање на процената на загрозеност за општина Демир Капија, координирани од страна на надлежниот регионален центар.По разгледувањето на осмата точка беше донесена Одлука за плаќање на рати на заостанат неплатен даночен долг при што на граѓаните им се овозможува при исполнувањето на даночните обврски ( данок на имот, данок на наследство и подарок, данок на промет на недвижности, фирмарина), даночните обврзници правни и физички лица кои имаат неплатен заостанат долг спрема Општина Демир Капија, како ни неплатен заостанат долг спрема ЈКП БОШАВА Демир Капија, истиот спогодбено да се плати на рати.Деветата и десетата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беа усвоени, а се однесуваа на донесување Решение за давање согласност на Финансов извештај по Годишната сметка на јавното претпријатие за комунални работи “Бошава“ Демир Капија за 2018 година и Решение за давање согласност на Годишен извештај за работењето на јавното претпријатие за комунални работи “Бошава“ Демир Капија за 2018 година.Единаесетата точка од дневниот ред по разгледувањето беше усвоена, а се однесуваше на донесување Заклучок за усвојување на Годишен извештај за јавна чистота во град Демир Капија за 2018 година.По разгледувањето на дванаесетата точка од дневниот ред беше усвоен Заклучок на Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2018 година, при што се истакна дека во претходната година преку ЦРВПР општина Демир Капија има добиено повеќе проекти и тоа : Изградба на комунална инфраструктура во Етно – винско село Клисура, село Клисура ( II фаза водоснабдување ) кој е веќе имплементиран, проектот – Создавање на услови за ново сообраќајно поврзување со автопат Е – 75 преку доизградба на анекс на клучка кој е во фаза на имплементација и проект Подобрување на животната средина преку пејсажно и комунално уредување на крајбрежјето на река Бошавица кој е во фаза на евалуација.Потоа се премина на тринаесетата точка на која беше усвоен Заклучок на Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Вардарски плански регион за 2018 година донесен на седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.Седницата заврши со советнички прашања на кои одговор даде градоначалникот Лазар Петров.

Одржана осумнаесета седница на Советот на општина Демир Капија.

На ден 28.02.2019 година Советот на општина Демир Капија ја одржа осумнаесетата седница на која беа разгледани и усвоени петнаесет точки од дневниот ред.Седницата започна со разгледување и усвојување на записниците од одржаната шеснаесета и седумнаесета седница.По разгледувањето на првата точка од дневниот ред беше усвоена Завршната сметка на Буџетот на општина Демир Капија за 2018 година за која образложение даде Евгенија Ѓорѓиев раководител на сектор за финансиски прашања, која ја презентираше Завршната сметка за 2018 година чија реализација изнесува 79.265.583,00 денари на приходната страна, а расходите изнесуваат 77.955.030,00 денари или вкупната реализација на буџетот изнесува 45%. Потоа се премина на втората точка на која беше донесен Заклучок за усвојување на Годишен извештај на Буџетот на општина Демир Капија за 2018 година.Третата точка по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Демир Капија за 2019 година по укажување на Министерството за финансии заради промена на бодот за плати на државните службеници. По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред се донесе Одлука за утврдување на висината на надоместоците што се плаќаат за користење на општинските јавни патишта и тоа за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас, приклучување на пристапен пат на општински пат, поставување на инсталации во трупот на патот, во патниот и заштитниот појас, изградба и користење на комерцијални објекти на кои е дозволен пристап на општински пат надвор од населено место,прекумерно користење на општински пат и улици, вонреден превоз и штета сторена на општинскиот пат и улици и објектите на патот.Потоа се премина на петата точка од дневниот ред на која беше усвоен Буџетскиот календар за планирање на Буџетот на општина Демир Капија за 2020 година во кој се регулираат роковите на планирањето на општинскиот буџет.Шестата точка од дневниот ред по разгледувањето беше усвоена, а се однесуваше на Програмата за дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови во општина Демир Капија за 2019 година и тоа во Донесувањето на детални урбанистички планови се додава нова точка која гласи Измена и дополна на дел од ДУП за зона за домување во Демир Капија (помеѓу улица 11 октомври и зона за спортски терени) и донесување на урбанистички план вон населено место се додава нова точка 12 која гласи изработка на УПВНМ за изградба на Г2-лесна индустрија и Е2-комунална супраструктура (фотоволтна централа), месноста викана Удавник КО Бистренци ,општина Демир Капија.По разгледувањето на седмата точка беше усвоен Акционен план за енергетска ефикасност на општина Демир Капија за 2019 година со кој треба да се спроведат мерките за енергетска ефикасност предвидени во Програмата за енергетска ефикасност на општините и е законска обврска која произлегува од Законот за енергетика.Потоа се премина на осмата точка од дневниот ред на која беше усвоено Решение за давање согласност за формирање на групи со поголем број на деца во ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија и тоа Воспитна група до 2 години – зголемување на број на деца за 8, комбинирана група од 2 до 3 и 3 до 4 години – зголемување на број на деца за 10 и Хетерогена група од 3 до 4 и од 4 до 5 години – зголемување на број на деца за 12. По разгледувањето на деветата точка на која образложение даде директорот Зоран Димов беше донесен Заклучокот за усвојување на Годишниот финансов извештај по Завршна сметка на ЈОУДГ-Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ – Демир Капија за 2018 година.Десетата и единасетата точка по образложението на директорката Ордана Николова исто така беа усвоени, а се однесуваа на донесување Заклучок за усвојување на Годишен финансов извештај по Завршна сметка на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија за 2018 година и Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работата на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија за 2018 година.По разгледувањето на дванаесетата точка и по образложението на директорката Менче Николова беше донесен Заклучок за усвојување на Годишен извештај по завршна сметка на ООУ“Димче А.Габерот“Демир Капија за 2018 година.Потоа се премина на тринаеаетата точка и по образложението дадено од страна на Тони Петков, раководител на Сектор за урбанизам,комунални дејности,заштита на животната средина и ЛЕР беше донесена Одлука за давање согласност за финансиско учество во предлог-проектот “Изградба на улици бр.1 и бр.2 во с.Корешница со која се дава согласност за сопствено учество и за обезбедени 50 посто или 3.007.117,50 денари со ДДВ, од потребните средства за реализација од Бирото за регионален развој.По разгледувањето на четиринаесетата точка и даденото образложение од градоначалникот за проектот “Реконструкција и надградба на Дом на култура“ беше донесена Одлука за поништување на одлуки со која се поништуваат Одлуката за давање согласност за склучување договор за уредување на меѓусебни права и обврски за стекнување право на сопственост на дел од објект бр.08-220/3 од 17.03.2017 и Одлуката за давање согласност за склучување на договор за уредување на права и обврски за стекнување право на сопственост на општина Демир Капија на дел од објект бр.08-327/5 0д 28.04.2017 година. По разгледувањето на петнаесетата точка беше донесено Решение за одобрување за исплата на финансиски средства заради настаната вонредна состојба предизвикана од големите снежни врнежи која ја зафати територијата на општина Демир Капија и се одобрува исплата на финансиски средства во висина од 30.000,00 денари за дополнително ангажирано лице со сопствена механизација за пробивање и расчистување на локалните патишта кои водат до селата во општината.Седницата заврши со советнички прашања на кои одговор даде градоначалникот Лазар Петров.