Подобрување на квалитетот на живот во населените места во општина Демир Капија

Општина Демир Капија во соработка со Ј.О.УД.Г. Борис Трајковски од Демир Капија успешно ги заврши активностите од  проектот Подобрување на квалитетот на живот во населените места во општина Демир Капија “.  Проектот беше реализиран во рамките на програмата Општинско корисна работа  2018,  финансирана од УНДП и поддржана од Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјана политика на Р. Северна Македонија. Во овој проект беа вклучени и ангажирани невработени лица во период од шест месеци во детската градинка. За овој период четирите лица беа ангажирани како неговатили во детската градинка и активно учествуваа во сите активности за згрижување и воспитување на околу 100 деца од предучилишна возраст. Реализацијата на овој проект од Програма за општинско корисна работа 2018  овозможи исполнување на програмското мото ОД ГРАЃАНИТЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ,  на тој начин што четири невработени лица се стекна со работно искуство и им се подобрија можностите за појавување на пазарот на трудот,  се овозможи подобрување на услугите од детската градинка и се овозможи родителите на децата од предучилишна возраст  непречено да ги извршуваат работните обврски. 

EU CAN – “European Counter and Alternative Narratives Network”

Општина Демир Капија реализираше работилница предвидена во проектот EU CAN –  “European Counter and Alternative Narratives Network”, кој што се реализира преку програмата Европа за граѓаните. Работилницата се спроведе во соработка со О.О.У. “Димче Ангелов Габерот” од Демир Капија, потoчно со групи на ученици од деветто и осмо одделение.  На  учесниците во работилницата преку нивното активно учеството во две вежби им се овозможи да ги осознаат придобивките за заедницата од почитувањето на правилата. Исто така учесниците ја увидоа  важноста и значењето на тимската работа, меѓутоа воочија колку е важно да се поседуваат лидерски вештини.  Учесниците преку овие вежби имаа можност да почнат да ги развиваат сопствените вештини кои ќе им овозможат да се заштитат од негативни влијанија, затоа што во наредната училишна година, продолжувајќи го образованието во поголеми места од Демир Капија ќе се соочат со нови, за нив, ситуации и влијанија.