Подобрување на раниот детски развој и инклузивното образование во Демир Капија

Општина Демир Капија во наредните 6 месеци ќе ги реализира актиностите од проектот “Подобрување на раниот детски развој и инклузивното образование во Демир Капија”. Овој проект, Општина Демир Капија ќе го реализира во рамките на програмата Општинско – корисна работа и во соработка со Агенцијата за вработување и Програмата за развој на Обединетите нации. Исполнувањето на главната цел на оваа програма “Од граѓаните за граѓаните” започна да  се реализира со  потпишување на договори за работно ангажирање на четири невработени лица. Невработените лица, ангажирани во проектот “Подобрување на раниот детски развој и инклузивното образование во Демир Капија” за време на својот шест месечен ангажман ќе помагаат во воспитно-згрижувачкиот процес на над 100 децата во детската градинка “ Борис Трајковски ” во Демир Капија и населените места, затоа што во тек е создавање на услови за отворање на клон на детската градинка во с.Корешница и објект за ран детски развој во с.Бистренци. Детската градинка е партнер институција на Општина Демир Капија во овој проект и преку овој проект на невработените лица ќе им се подобрат можностите за појавување на пазарот на трудот и ќе се подобри услугата на детската градинка за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.

Our Voice in Europe – Funded With The Support Under The European Programme ,,Europe for Citizens”

Во периодот од 16ти до 24ти Јули претставници од Советот на Општина Демир Капија на покана од локалната власт беа во официјална посета на Пелплин,град во Полска со кој е збратимена нашата општина.
Оваа посета беше во рамките на проектот “Европа за граѓаните” на кој учество земаа повеќе европски градови од различни земји и тоа Унгарија ,Малта и учесници од Колертотрто Италија.
Целта на овој проект беше да се прошири и продлабочи меѓуопштинската соработка меѓу овие градови.

From 16th to 24th July, representatives of the Demir Kapija Municipal Council, by invitation of the local government, paid an official visit to Pelin, a city in Poland that has twinned our municipality. The visit was part of the Europe for citizens project, which included several European cities from different countries, including Hungary, Malta and participants from the Comitato Gemellagi Association from Collertorto, Italy. The purpose of this project was to expand and deepen inter-municipal cooperation between these cities.

https://www.youtube.com/watch?v=SruPkbBXXac&feature=share