Во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион, а во рамките на проектот “Одржување на чиста и здрава животна средина преку набавка на специјализирани возила за потребите на ЈКП во општините Лозово, Демир Капија, Неготино и Росоман “, набавено е специјализирано возило за собирање комунален отпад.Договорот за набавката на возилото беше склучен помеѓу Општина Демир Капија и Центарот за развој на Вардарски плански регион, а Општина Демир Капија возилото ќе го предаде на користење на ЈКП “Бошава” Демир Капија.Возилото е марка Мitsubishi Canter и е со капацитет за собирање смет од 8m3.
Општина Демир Капија во соработка со Здружението Хуманост (давателот на услуги) во рамки на проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика, финансиски поддржан од Светска банка, потпиша договор за грант за развој на услугата помош и нега во домот.
Самиот грант се одвива во две фази:
Фаза I: Воспоставување на услугата помош и нега во домот
Фазата за воспоставување на услугата помош и нега во домот е со времетраење од 5 месеци и истата ги опфаќа следните активности:
Фаза II: Испорака на услугата помош и нега во домот
Фазата за испорака на услугата помош и нега во домот е со времетраење од 12 месеци по воспоставувањето на услугата. Испораката на услугата помош и нега во домот ќе се дава на вкупно 20 корисници ( стари и изнемоштени лица, лица со хронични болести и лица со попреченост).
Услугата помош и нега во домот за крајните корисници е насочена кон:
Комуникација, социјализација, активација
За информации во врска со барањето за издавање на дозвола на општина Демир Капија за испуштање од систем за собирање, одведување, прочистување и испуштање на урбани отпадни води од излетничкото место Дошница заинтересираните страни можат да се обратат во Министерството за животна средина и просторно планирање или на е-маил: R.Barutovska@moepp.gov.mk.