Општинско корисна работа

За реализирањето на активностите од проектот “Афирмација на Демир Капија преку одржлив развој на туризмот за подобрување на социоекономската состојба на локалното население” во рамките на ПРОГРАМАТА ОПШТИНСКО – КОРИСНA РАБОТА, Општина Демир Капија и партнер институција Д.К.”Мирка Гинова” во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија распишуваат Јавен Оглас. Јавниот Оглас е до сите невработени евидентирани лица со умерени потешкотии при вработување, кои се заинтересирани за работно ангажирање во сферата на туризмот за подобрување на социоекономската состојба на локалното население во Демир Капија, да се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување Неготино или во Подрачната канцеларија во Демир Капија на АВРМ во периодот од 19.05.2014 – 23.05.2014 ( 5 работни денови ). Подетални информации заинтересираните невработени евидентирани лица од Општина Демир Капија може да добијат на тел: 043 366 881.

Изградба на трпезарија и помошни простории во детската градинка

Изградба на трпезарија и помошни простории во детската градинка Борис Трајковски во Демир Капија

Општина Демир Капија во соработка со детската градинка Борис Трајковски во Демир Капија пристапија кон доградба и надградба на постоечкиот објект детска градинка во Демир Капија.Градежните работи се во тек а ги изведува градежното претпријатие Гранит. Градежните работи се состојат од изведување на армирано бетонски работи и покривање на објектот. Со овој проект ќе се добие нов простор во приземјето со вкупна површина од 122 метри квадратни наменет за трпезарија  и помошни простории и нов простор на катот со површина од 57 метри квадратни наменет за канцеларии, а воедно и на дел од постоечките простории во детската градинка ќе се изврши преуредување со што ќе се добие поголем простор наменет за кујна и дислокација на тоалетите. Со овој зафат ќе се подобрат условите за работа на децата кои се згрижени во оваа детска установа.

ОДОБРЕН Е ПРОЕКТОТ „ЦЕНТАР ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“ ВО ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА

ОДОБРЕН Е ПРОЕКТОТ „ЦЕНТАР ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“ ВО ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА

Благодарение на доброволецот Aeron Weaver во соработка со општина Демир Капија деновиве беше одобрен проектот „ЦЕНТАР ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“ кој ќе се наоѓа во состав на музејот на општина Демир Капија.

Овој проект ќе се состои од опремување на мулимедијален простор кој ќе содржи опрема од LCD TV, DVD со озвучивање, персонален компјутер и столици за посетителите кои ќе писувствуваат на презентациите.

Целта на овој проект е развој  на туризмот во општината со зголемување на свеста за археолошките и природните ресурси преку искористување на центарот за презентација.