УСЛУГИ ШТО СЕ ДАВААТ НА ГРАЃАНИТЕ:

ПРИЕМ НА СТРАНКИ И ИЗДАВАЊЕ НА УПЛАТНИЦИ ПО СИТЕ ВИДОВИ ДАНОЦИ И ТАКСИ

Врз основа на издадено решение со кое се задолжува, на барање на странката се издава уплатница.

Рок на издавање – веднаш.

УВЕРЕНИЕ ЗА ПЛАТЕНИ ДАНОЧНИ ОБВРСКИ

Се пополнува барање за уверение за платени даночни обврски со:

  1. Доказ за платен данок
  2. Доказ за уплатени административна такси.

Рокот за донесување на актот – веднаш.

РЕШЕНИЕ ЗА ВИСИНАТА НА ДАНОКОТ НА ИМОТ

Обврзникот на данокот на имот е должен да поднесе даночна пријава до 31 јануари во годината за која се врши утврдување на данокот.

Градоначалникот на општината донесува решение за висината на данокот на имот најдоцна до 31 Март во годината за која се утврдува данокот на имот и му доставува решение на даночниот обврзник за утврдениот данок.

Рок за донесување на актот 31 Март секоја година.

РЕШЕНИЕ ЗА ВИСИНАТА НА ДАНОКОТ НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

Обврзникот на данокот на наследство и подарок е должен да поднесе даночна пријава во рок од 15 дена од денот на настанувањето на даночната обврска. Пријавата се поднесува до општинската администрација каде што се наоѓа недвижниот имот кој обврзникот го наследува или прима на подарок.

Градоначалникот на општината донесува решение за висината на данокот на наследство и подарок најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на даночната пријава и на даночниот обврзник му доставува решение утврдениот данок.

Рок за донесување на актот 30 дена од денот на приемот на даночната пријава.

РЕШЕНИЕ ЗА ВИСИНАТА НА ДАНОКОТ НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ

Обврзникот на данокот на промет на недвижности е должен да поднесе даночна пријава во рок од 15 дена од денот на настанувањето на даночната обврска. Пријавата се поднесува до општинската администрација каде што се наоѓа недвижноста.

Градоначалникот на општината донесува решение за висината на данокот на промет на недвижности најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на даночната пријава и на даночниот обврзник односно на купувачот му доставува решение утврдениот данок.

Рок за донесување на актот 15 дена од денот на приемот на даночната пријава.

РЕШЕНИЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗВРШУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОЧЕН ДОЛГ

За решение за одложување на извршувањето се поднесува:

– Барање за одлагање на даночниот долг

– Прилози кон барањето се:

  1. банкарска гаранција, доказ за уплатен готовински депозит или обезбеди друг инструмент за обезбедување на плаќањето.

РЕШЕНИЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ИЛИ НА ПОГРЕШНО УПЛАТЕН ДАНОК

Се пополнува барање за враќање на повеќе или на погрешно уплатен данок со:

  1. доказ за уплатени средства
  2. трансакциона сметка на која треба да се врата средствата.

РЕШЕНИЕ ЗА ВИСИНАТА НА КОМУНАЛНАТА ТАКСА

Обврзникот на таксата е должен во рок од 15 дена од денот на настаната обврска или настанатата промена да поднесе пријава до општинската администрација.

Градоначалникот на општината со решение ке ја утврди висината на таксата воп годишен износ

Градоначалникот на општината според податоците од состојбата на 1 јануари секоја година за секој обврзник одделно со решение го утврдува износот на таксата што треба да се плати.

Лице за контакт:

Евгенија Георѓиев тел. 072-315-345

email: evegenija.gjorgiev@opstinademirkapija.gov.mk

Биланс на приходи – Буџет 2018

Биланс на приходи по завршна сметка-2017

Биланс на расходи – Буџет 2018

Биланс на расходи по завршна сметка – 2017

Биланс на расходи по потпрограми – буџет 2018

Посебен дел – завршна сметка 2017

Биланс на расходи по завршна сметка -2016

Биланс на приходи по завршна сметка -2016

Завршна сметка 2016 – посебен дел

Биланс на приходи – 2015

Биланс на расходи – 2015

Посебен дел – 2015

Приходи – Буџет 2014

Расходи – Буџет 2014

Буџет 2014 – Посебен дел

Завршна сметка 2014 – Приходи

Завршна сметка 2014 – Расходи

Завршна сметка 2014 – Посебен дел

Буџет 2013 – Приходи

Буџет 2013 – Расходи

Буџет 2013 – Посебен дел

Биланс на приходи по завршна сметка – 2013

Биланс на расходи по завршна сметка – 2013

Завршна сметка 2013 – посебен дел

Биланс на приходи – 2012

Биланс на расходи – 2012

 

 

 

There are no comments yet.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).