УСЛУГИ ШТО СЕ ДАВААТ НА ГРАЃАНИТЕ:

ИЗВОД ОД УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН

За издавање на извод од урбанистички план се поднесува:

Барање (готов образец се добива во општината)

– Прилози кон барањето се:

  1. копија од катастарски план за катастарска парцела
  2. имотен лист
  3. потврда за платени административни такси

ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ

За одобрение за градење се поднесува:

Барање во електронска форма (https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f)

– Прилози кон барањето се:

  1. Архитектонско – урбанистички проект заверен од надлежен орган, доколку со урбанистичкиот план или урбанистичко планската документација е предвидена изградба на овој проект, односно проект за инфраструктура, доколку барањето се однесува за линиски инфраструктурни градби;
  2. Oсновен проект со извештај за ревизија на основниот проект или писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект, доколку истиот е издработен во странство како и позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата;
  3. Идеен проект доколку истиот предходно е доставен и одобрен;
  4. Доказ за право на градењe и
  5. Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште;
  6. Доказ за платени административни такси.

Надлежните служби го утврдуваат надоместокот за уредување на градежно земјиште.

Рокот за издавање на одобрението за градење е 5 работни дена од доставување на доказ платен надоместок за уредување на градежно земјуште односно од денот на склучување на договор за начин на плаќање. Одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно.

РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ИЗМЕНА ВО ТЕКОТ НА ИЗГРАДБАТА

За решение за одобрување на измена во текот на изградбата се поднесува:

Барање (https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f)

– Прилози кон барањето се:

  1. Анекс/дополнување на основниот проект со извештај за ревизија;
  2. Само оние потврди и согласности чие прибавување произлегува од бараната измена
  3. Доказ за платени административни такси

ПРОМЕНА НА ИНВЕСТИТОР

За решение за промена на инвеститор се поднесува:

Барање (https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f)

– Прилози кон барањето се:

  1. Известување за статус на инвеститор;
  2. Доказ дека има статус на инвеститор;
  3. Доказ за платени административни такси.

ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНИ РАБОТИ

За одобрение за подготвителни работи се поднесува:

Барање (https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f)

– Прилози кон барањето се:

  1. Проект за подготвителни работи;
  2. Согласности, мислења и докази за регулирање на имотно-правни односи за земјиштето на кое ќе бидат поставени градбите за подготвителни работи.

ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ВРЕМЕН ОБЈЕКТ

За одобрение за поставување на времен објект се поднесува:

Барање

– Прилози кон барањето се:

  1. Договор за краткотраен закуп на градежното земјиште склучен согласно со закон;
  2. имотен лист за предметното земјиште;
  3. идеен проект за поставување на времен објект изработен согласно микролокациските услови
  4. Доказ за платени административни такси

ОДОБРЕНИЕ ЗА УПОТРЕБА

За издавање на одобрение за употреба се поднесува:

Барање (https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f)

– Прилози кон барањето се:

  1. Основен проект, а доколку се извршени измени во текот на изградбата проект на изведена состојба;
  2. Завршен извештај од надзорниот инженер со кој е потврдено дека градбата е изградена согласно со основниот проект  и одобрението за градење;
  3. Извадок од јавната книга за запишување на правата на недвижностите за последната состојба на запишаните права на градбата (имотен лист), заради утврдување на правниот однос во врска со градбата меѓу инвеститорот и сопственикот на земјиштето;
  4. Доказ за платени административни такси.

Рок за издавање на одобрението за употреба е 15 дена од денот на извршениот технички преглед, ако комисијата која го извршила техничкиот преглед во записникот констатира дека градбата може да се даде во употреба.

ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕНАМЕНА, АДАПТАЦИЈА и  РЕКОНСТРУКЦИЈА 

За издавање на одобрение за пренамена, адаптација и реконструкција се поднесува:

Барање (https://www.gradezna-dozvola.mk/Account/Login?ReturnUrl=%2f)

– Прилози кон барањето за пренамена се:

  1. Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот односно станот или делот од стан кој е предмет на пренамена;
  2. Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои представуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот;
  3. Основен проект за предвидената пренамена, со позитивен извештај на ревизија на истиот;
  4. Извод од урбанистички план или урбанистичко планска документација со кој се потврдува дека објектот на пренамена е предвиден со планската документација;
  5. Доказ за платени административни такси.

– Прилози кон барањето за реконструкција се:

  1. Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот;
  2. Имотен лист за објектот предмет на реконструкција или правосилно решение за утрдување на првен статус на бесправен објект;
  3. Основен проект за предвидената реконструкција, со позитивен извештај на истиот.

– Прилози кон барањето за адаптација се:

  1. Имотен лист за објектот предмет на адаптација или правосилно решение за утрдување на првен статус на бесправен објект;
  2. Проект за адаптација кој содржи постојна состојба и нова состојба што се предвидува со адаптацијата.

Рок за издавање на одобрение за пренамена, адаптација и реконструкција е 5 работни дена, доколку доставената документација е комплетна.

ОДОБРЕНИЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОБЈЕКТ ИЛИ НЕГОВ ДЕЛ

За издавање на одобрение за отстранување на објект или негов дел се поднесува:

Барање

– Прилози кон барањето се:

  1. доказ за сопстевност на објектот;
  2. проект за отстранување на објект или негов дел
  3. Доказ за платени административни такси

ЛИСТА НА ОДОБРЕНИ ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА

Лице за контакт:

Тони Петков тел. 070-303-641

e-mail. toni.petkov@opstinademirkapija.gov.mk

There are no comments yet.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).