Одделението за управување со човечки ресурси ги врши работите кои се однесуваат на:

– ја изработува годишната програма за работа на одделението;

– се грижи за правилна примена на законските и подзаконските акти од областа на човечките ресурси;

– остварува редовна комуникација и соработка со другите одделенија за човечки ресурси од органите на управата со цел откривање на човечки потенцијали и дава предлог за вработување без јавен оглас од еден во друг орган;

–  учествува во спроведувањето на организацискиот развој на органот кој ги адресира прашањата на планирање, развој на вработените, задржување на вработените, управување со промените, обука на вработените;

– го следи развојот на организациската култура во органот;

– советува и соработува со другите раководители за прашања од областа на управувањето со човечките ресурси;

– го пишува Предлог-Правилникот за систематизација на работните места во органот;

– изработува прашања за посебниот дел од стручниот и приправничкиот испит;

– ги подготвува обрасците за оценување на државните службеници во општинската администрација;

– спроведува анализа за потреба од обука на државните службеници;

– изработува нацрт-Годишна програма за обука на државните службеници;

– ја следи примената на Етичкиот кодекс на државните службеници и по потреба изработува извештаи;

– води лични досиеја и ја одржува базата на податоци за државните службеници и доставува известувања за настанатите промени во Регистарот на државните службеници;

– го остварува начелото на јавност и транспарентност во работењето на органите на општината;

– води протокол за потребите на органите на општината;

– врши информирање на граѓаните и овозможува слободен пристап на информации од јавен карактер: прима и постапува по усни и писмени претставки на граѓаните;

– соработува со Агенцијата за државни службеници;

– води дисциплински постапки;

– координирање, организирање и подобрување на соработката помеѓу невладините организации и локалната самоуправа;

– врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот на општината.

Лице за контакт:

Сузана Крстова тел. 071-324-697

email:suzana.krstova@opstinademirkapija.gov.mk

There are no comments yet.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).