Одделението за општи и правни работи ги врши работите што се однесуваат на:

подготвување акти за Советот и Градоначалникот;

изготвување на планови и прописи од надлежност на Советот и Градоначалникот;

подготвување на седниците на Советот и седниците на неговите постојани и повремени комисии;

приготвување и поднесување на материјали и списи за судски постапки во кои општината е тужител и тужен;

ја застапува општината по претходно овластување од Градоначалникот пред судовите и другите државни органи на РМ;

ракување и чување на документи на општината до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на РМ;

работи од областа на јавните дејности, културата, образованието, социјалната заштита, детска заштита и други активности утврдени со закон и акт на општината;

ги врши работите што се однесуваат на информирање на граѓаните за полесно остварување на нивните права;

врши организационо-административни работи за Советот и Градоначалникот;

заштита и одржување на зградата на органите на општината и другиот имот;

канцелариско и архивското работење;

регулирање на имотно-правните односи;

подготвување и издавање на службен гласник на општина Демир Капија;

како и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот на општината.

Лице за контакт:

Јулијана Гацева  тел. 072-315-346

e-mail: julijana.gaceva@opstinademirkapija.com.mk

There are no comments yet.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).