Овој систем овозможува квалитетен, транспарентен и унифициран начин на постапување на сите надлежни органи и субјекти во постапката на издавање на одобрение за градење по најсовремени стандарди, во најкраток можен рок а врз основа на Вашето поднесено барање за одобрение за градење.

На овој начин е овозможено единствено електронско водење на постапката во сите нејзини фази, започнувајќи од електронско поднесување и потпишување на потребната документација од страна на инвеститорот, електронска подготовка и донесување на актите во постапката, електронско известување и обезбедување на потребни податоци и документација од останати вклучени субјекти и електронско издавање на одобрението за градење.