Општина Демир Капија во соработка со Здружението Хуманост  (давателот на услуги) во рамки на проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика, финансиски поддржан од Светска банка, потпиша договор за грант за развој на услугата помош и нега во домот.

Самиот грант се одвива во две фази:

Фаза I: Воспоставување на услугата  помош и нега во домот

Фазата за воспоставување на услугата помош и нега во домот е со времетраење од 5 месеци и истата ги опфаќа следните активности:

  • Обука и сертифицирање на 10 негуватели/ки за стари лица;
  • Обука за еден координатор на услугата помош и нега во домот во Демир Капија;
  • Опремување на просторот за центарот за помош и нега во домот;
  • Набавка на потребна опрема за работа на координаторот и негувателите/ките за давање на услугата помош и нега во домот;
  • Дизајнирање и дистрибуција на информативни флаери за услугата помош и нега во домот до крајните корисници на услугата;

Фаза II: Испорака на услугата помош и нега во домот

Фазата за испорака на услугата помош и нега во домот е со времетраење од 12 месеци по воспоставувањето на услугата. Испораката на услугата помош и нега во домот ќе се дава на вкупно 20 корисници ( стари и изнемоштени лица, лица со хронични болести и лица со попреченост).

Услугата помош и нега во домот за крајните корисници е насочена кон:

  1. Помош при одржување на домот
  • Подготвување на работно место, набавка и приготвување на храна
  • Местење на кревет и одржување на постелнина и облека
  • Одржување на хигиена во домот на старото лице
  1. Помош и поддршка во извршување на дневните активности на старите лица
  • Помагање при одржување на лична хигиена
  • Подготвување на оброци и помагање при хранење
  • Помагање при облекување
  • Помагање при транспорт и престој надвор од домот
  1. Примена на основни здравствени правила и процедури кај старите лица
  • Идентификување на основни симптоми на болести карактеристични кај старите лица
  • Основни познавања на инфекции и правилно изведува дезинфекција
  • Превземање на активности при постоење на болест кај старото лице по налог од стручно лице, лекар, медицинска сестра
  • Помагање при набавка и примање на редовна терапија
  • Користење заштитни средства и опрема
  1. Социјална заштита и психо-социјална поддршка на старите лица
  • Применување на прописи од системот за социјална заштита на стари лица
  • Воочување на промени во средината и однесувањето на старото лице во насока на избегнување на ризици од злоупотреби и заболувања
  • Поттикнување и одржување на интелектуални и когнитивни моторни активности со цел да се поттикне самостојност кај старите лица

Комуникација, социјализација, активација