Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
ПочетнаTourisam

Туризам

  • Туризам
  • Алпинистички спортови

    Еден од најдобрите локалитети во Република Македонија коj предвидува инзвонредни можности за сите видови на качување. Карпата е составена од варовник кој на места е компактен и има доволен број на пукнатини за осигурување . Карпата е интересна пред се за љубителите на нови и првични искачувања. Можноста за заштита е одлична, бидејќи рељефот е погоден за користење на клинови, чокови, френдови и практично се од средставата за обезбедување. Должината на алпинистичките насоки изнесува од 200 до 250 метри. Карпата има повеќе страни на експонираност, но поради ниската надморска височина во лето е препорачува качување во сектори со сенка и во раните утрински часови. Демир Kапија има приморска клима со што летата се многу топли исто така и во зимо е доста топло за разлика од останатите локалитети во Македонија. Најдобро време за качување е пролет и есен но и во зимски услови исто така може да се качува.

    Во моментов, во регионот на Демир Капија поставени околу 60 алпинистичките насоки кои обезбедени со алпинистички клинови поголем дел од насоките се со експанзии на сидриштата . Дека има насоки кој воопшто немаат оставено никакво обезбедување.

    Исто има и околу 100 опремени кратки качувачките насоки за тренинг и рекреација кои се движат во должина од 15 до 30 метри со различна тежина. Поголем број се со експанзиони клинови со различни видови на карабинери на сидришта. Ги има и со лепени клинови.

    Сите насоки се во рамките на 15-40 минути пешачење од Демир Капија.

    Број на рути се зголемува постојано . Создавање на нови насоки и реновирање на стари рути е постојана грижа за локалниот спортски клуб «Клисура» со председателство од еден од ретките мајстори на планинарски спортови и поставуч на качувачките насоки со меѓународна квалификација Александр Кленов. Во најблиските планови на Клубот, со поддршка на раководство од Општина  Демир Капија е поставување на металниот кабел што ќе ги поврзе по краjот на реката Вардар со сите сектори за качување и ќе го отвори патот кон неискористени карпи.

    И многу други клубови и федерации се заинтересирани и посветени на изработка на условите во Демир Капиja за тренинг и безбеден одмор за љубителите на планини од Македонија и од целиот свет.

    Регионот  има огромен потенцијал за нови линии и сите видови на планински активности.

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Дали сте задоволни од услугите на општина Демир Капија?
 
There are no translations available.

Banner
Banner
There are no translations available.

PUBLIC ENTITY

There are no translations available.

ТЕКОВНА СОСТОЈБА

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner