Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ЈОУДГ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија

ЈОУДГ „Борис Трајковски“ како објект е нормативно  и наменски граден и во целост одговара за потребите на децата. Капацитетот на децата изнесува 60 деца.

 

Градинката располага со 301 м корисна површина и 552 м дворна површина.

 

Предучилишната установа како најповолна општествена средина располага со најоптимални услови за развој на сите потенцијали и способности на детето.

Организирањето на животот во ЈОУ. „Борис Трајковски“ за целодневен престој е детерминирано од целите на воспитувањето на децата, но и од самата улога на детската градинка за психофизичкиот развој на детето.

Градинката располага со 4 простории за згрижување и воспитно образовна дејност. Согласно тоа во сите занимилни постојат соодветни катчиња на активности./

Во детската градинка „Борис Трајковски“ згрижени се 60 деца од кои јаслена група ја сочинуваат 6 деца, мала група 13, средна група 13 и голема група 28.

Дејноста згрижување на децата започнува од 6:30 ч. До 17:00 ч.

Во градинката „Борис Трајковски“ згрижувањето и воспитувањето на децата се остварува преку: престој, згрижување, нега, исхрана, воспитување, образование, спортски рекреативности,

Културно-забавни активности, мерки и активности за зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до вклучувањето во образовниот процес.

 

Страница 2 од 2

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дали сте задоволни од услугите на општина Демир Капија?
 

Банер
Банер

Врз основа на член З од Правилникот за начинот и постапката за доделување на општински награди и признанија 6p.07-185/1 од 11.09.1998 година донесен од Советот на општина Демир Капија, Комисијата за доделување награди и признанија покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на наградата ”7-ми Ноември” и признанија за 2018 година.

 

  1. Иницијатива за доделување на награда 7-ми Ноември“ и признание МОЖе да поднесат сите физички и правни лица од Општина Демир Капија. Иницијативата се поднесува во писмена форма и истата содржи пошироко образложение за кандидатот односно кандидатите кои се предлагаат за наградата односно признанието, неговите остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на Општина Демир Капија и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во областа на економскиот развој, науката, уметноста, образованието, културата, здравствената заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области.

Подносителот на Иницијативата во својот предлог задолжително мора да назначи дали кандидатот или кандидатите се предлагаат за награда „7-ми Ноември” или признание.

  1. Наградата „7-ми Ноември” се доделува на поединци, група творци, претпријатија, установи, организации и здруженија на грайни, за особено значајни остварувања од интерес на општината.

З. Признанијата се доделуваат за посебен придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на Општина Демир Капија.

4. Иницијативите се доставуваат до Советот на Општина Демир Капија, Комисија за доделување награди и признанија на ул. 11-ти Октомври 66 Демир Капија најдоцна до 25 Октомври 2018 година.

 

ТЕКОВНА СОСТОЈБА

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер