Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
ПочетнаМапа на сајтот
  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Месна самоуправа

Граѓаните во општината одлучуваат за работите од непосредно и секојдневно значење од својот живот и работа и преку облици на месна самоуправа кои можат да ги основаат  согласно со Статутот.

Во општините можат да се основаат облици на месна самоуправа и тоа:

-во градот – урбани заедници;

-во населените места – месни заедници

Граѓаните преку облиците на месната самоуправа се грижат за:

-решавање на прашања од комунална инфраструктура за соодветното подрачје;

-одржување на објектите од јавен интерес (водоводи, улици, културни домови, спортски објекти и др.);

-заштита на животната средина и природата;

-уредување и одржување на гробиштата во селските населби;

-покренување иницијатива за уредување на просторот;

-организирање културни, спортски, забавни и други манифестации и

-други работи од непосредно секојдневно значење за животот и работата на граѓаните.

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер