Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
ПочетнаМапа на сајтот
  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Одделението за управување со човечки ресурси ги врши работите кои се однесуваат на:

 

 

- ја изработува годишната програма за работа на одделението;

 

- се грижи за правилна примена на законските и подзаконските акти од областа на човечките ресурси;

 

- остварува редовна комуникација и соработка со другите одделенија за човечки ресурси од органите на управата со цел откривање на човечки потенцијали и дава предлог за вработување без јавен оглас од еден во друг орган;

 

- учествува во спроведувањето на организацискиот развој на органот кој ги адресира прашањата на планирање, развој на вработените, задржување на вработените, управување со промените, обука на вработените;

 

- го следи развојот на организациската култура во органот;

 

- советува и соработува со другите раководители за прашања од областа на управувањето со човечките ресурси;

 

- го пишува Предлог-Правилникот за систематизација на работните места во органот;

 

- изработува прашања за посебниот дел од стручниот и приправничкиот испит;

 

- ги подготвува обрасците за оценување на државните службеници во општинската администрација;

 

- спроведува анализа за потреба од обука на државните службеници;

 

- изработува нацрт-Годишна програма за обука на државните службеници;

 

- ја следи примената на Етичкиот кодекс на државните службеници и по потреба изработува извештаи;

 

- води лични досиеја и ја одржува базата на податоци за државните службеници и доставува известувања за настанатите промени во Регистарот на државните службеници;

 

- го остварува начелото на јавност и транспарентност во работењето на органите на општината;

 

- води протокол за потребите на органите на општината;

 

- врши информирање на граѓаните и овозможува слободен пристап на информации од јавен карактер: прима и постапува по усни и писмени претставки на граѓаните;

 

- соработува со Агенцијата за државни службеници;

 

- води дисциплински постапки;

 

- координирање, организирање и подобрување на соработката помеѓу невладините организации и локалната самоуправа;

 

- врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот на општината.

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер