Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
ПочетнаМапа на сајтот
  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

УСЛУГИ ШТО СЕ ДАВААТ НА ГРАЃАНИТЕ:


ИЗВОД ОД УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН

За издавање на извод од урбанистички план се поднесува:

- Барање (готов образец се добива во општината)

- Прилози кон барањето се:

  1. копија од катастарски план за катастарска парцела
  2. имотен лист
  3. потврда за платени административни такси


РЕШЕНИЕ ЗА ЛОКАЦИСКИ УСЛОВИ

За решение за локациски услови се поднесува:

- Барање (готов образец се добива во општината)

- Прилози кон барањето се:

  1. доказ за сопственост на градежно земјиште или доказ за право на долготраен закуп на градежно земјиште или договор за коцесија или друг доказ за стекнато право на градење, согласно со закон;
  2. геодетски елаборат изработен врз основа на извод од урбанистички план или државна и локална урбанистичка планска документација за нумерички податоци за недвижности изготвен од трговец поединец-овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи;
  3. идеен проект или архитектонско-урбанистички проект;
  4. добиена претходна согласност од страна на Агенцијата за електронски комуникации во однос на идејниот проект или архитектонско-урбанистички проект за градби на електронски комуникациски мрежи и средства од локален карактер
  5. добиена претходна согласност од надлежни органи утврдени со закон
  6. Потврда за платени административни такси

Рокот за донесување на решение за локациски услови е 5 работни дена од денот на приемот на комплетната документација. Решението за локациски услови важи една година од неговата извршност во управната постапка.


ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ

За одобрение за градење се поднесува:

- Барање (готов образец се добива во општината)

- Прилози кон барањето се:

  1. решение за локациски услови кое е извршно во управна постапка, со архитектонско-урбанистички или идеен проект согласно со Законот за просторно и урбанистичко планирање;
  2. комплетен основен проект во најмалку два примерока и најмалку три примероци од посебните елаборати и фази на проектот заради добивање на соодветните согласности, со извршена ревизија;
  3. писмен извештај и согласност за нострификација, ако проектот е изработен во странство;
  4. студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина одобрена од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, односно елаборат за заштита на животната средина одобрен од органот за вршење на стручни работи од областа на животната средина или градоначалникот на општината согласно Законот за заштита на животната средина и прописите донесени врз основа на овој закон
  5. доказ од јавната книга за запишување на правата на недвижностите – имотен лист со запишано право на сопственост, други стварни права и сите предбелешки и прибелешки или друг доказ за стекнато право на градење согласно со закон
  6. Потврда за платени административни такси

Општината врз основа на документацијата и извршен увид на лице место, дава акт за регулациона, градежна и нивелациона линија со определување на површина за изградба и врши заверка на основниот проект.

Надлежните служби го утврдуваат надоместокот за уредување на градежно земјиште.

Рокот за издавање на одобрението за градење е 5 работни дена од денот на приемот на комплетната документација. Одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститоротне почне со изградба во рок од шест месеца од денот кога одобрението за градење станало правосилно.


РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ИЗМЕНА ВО ТЕКОТ НА ИЗГРАДБАТА

За решение за одобрување на измена во текот на изградбата се поднесува:

- Барање (готов образец се добива во општината)

- Прилози кон барањето се:

  1. анекс на основниот проект
  2. само оние потврди и согласности чие прибавување произлегува од бараната измена
  3. Потврда за платени административни такси


ПРОМЕНА НА ИНВЕСТИТОР

За решение за промена на инвеститор се поднесува:

- Барање (готов образец се добива во општината)

- Прилози кон барањето се:

  1. Известување за статус на инвеститор
  2. Доказ дека има статус на инвеститор
  3. Потврда за платени административни такси


ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНИ РАБОТИ

За одобрение за подготвителни работи се поднесува:

- Барање (готов образец се добива во општината)

- Прилози кон барањето се:

  1. проект за подготвителни работи
  2. согласности, мислења и докази за регулирање на имотно-правни односи за земјиштето на кое ќе бидат поставени градбите за подготвителни работи


ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ВРЕМЕН ОБЈЕКТ

За одобрение за поставување на времен објект се поднесува:

- Барање (готов образец се добива во општината)

- Прилози кон барањето се:

  1. договор за краткотраен закуп на градежното земјиште склучен согласно со закон;
  2. имотен лист за предметното земјиште;
  3. идеен проект за поставување на времен објект изработен согласно микролокациските услови
  4. Потврда за платени административни такси


ОДОБРЕНИЕ ЗА УПОТРЕБА

За издавање на одобрение за употреба се поднесува:

- Барање (готов образец се добива во општината)

- Прилози кон барањето се:

  1. проект за изведена состојба;
  2. завршен извештај од надзорниот инженер дека градбата е изградена согласно со проектот и одобрението за градење или потврда од надзорниот инженердека основниот или изведбениот проект истовремено е проект на изведена состојба;
  3. извадок од јавната книга за запишување на правата на недвижностите за последната состојба на запишаните права на градбата (имотен лист), заради утврдување на правниот однос во врска со градбата меѓу инвеститорот и сопственикот на земјиштето
  4. Потврда за платени административни такси

Рок за издавање на одобрението за употреба е 15 дена од денот на извршениот технички преглед, ако комисијата која го извршила техничкиот преглед во записникот констатира дека градбата може да се даде во употреба.


ОДОБРЕНИЕ ЗА ПРЕНАМЕНА, АДАПТАЦИЈА СО ПРЕНАМЕНА, РЕКОНСТРУКЦИЈА И РЕКОНСТРУКЦИЈА СО ПРЕНАМЕНА

За издавање на одобрение за пренамена, адаптација со пренамена, реконструкција и реконструкција со пренамена се поднесува:

- Барање (готов образец се добива во општината)

- Прилози кон барањето се:

  1. Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот односно станот или делот од стан;
  2. согласност на мнозинството сопственици на становите во влезот на зградата;
  3. основен проект за предвидената пренамена, адаптација со пренамена или за реконструкција со пренамена, со извршена ревизија во два примероци;
  4. извод од урбанистички план со кој се потврдува дека објектот е предвиден со важечкиот урбанистички план;
  5. мислења и согласности предвидени со посебните закони во зависност од пренамената;
  6. доказ за регулиран надоместок за уредување на градежното земјиште
  7. Потврда за платени административни такси

Рок за издавање на одобрение за пренамена, адаптација со пренамена, реконструкција и реконструкција со пренамена е 7 работни дена од денот на поднесувањето на барањето.

 

ОДОБРЕНИЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОБЈЕКТ ИЛИ НЕГОВ ДЕЛ

За издавање на одобрение за отстранување на објект или негов дел се поднесува:

- Барање (готов образец се добива во општината)

- Прилози кон барањето се:

  1. доказ за сопстевност на објектот;
  2. проект за отстранување на објект или негов дел
  3. Потврда за платени административни такси
 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер