Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
ПочетнаОпштински органиСовет на општина
  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Советот е претставнички орган на граѓаните кој одлучува во рамките на надлежностите на општината.

 

Советот на Општина Демир Капија го сочинуваат 9 члена избрани на општи, непосредни и слободни избори.

 

Членовите на Советот се избираат за време од четири години. Членовите на Советот ги претсавуваат граѓаните и во советот одлучуваат по свое уверување.

 

Надлежност на Советот:

  • Го донесува Статутот на општината и други прописи;
  • Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
  • Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
  • Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
  • Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои го основа;
  • Усвојува прогами за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
  • Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
  • Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
  • Ги усвојува извештаите за работата и годишните смеки на јавните служби, кои ги основала општината;
  • Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
  • Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
  • Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
  • Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
  • Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа најавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и
  • Врши други работи утврдени со закон

 

Доколку советот не ги усвои извештаите од ставот (1) точките (7) и (9) може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиското работење пред надлежниот орган за надзор.

 

Раководното лице од ставот (1) точка (12) е избрано ако за него гласале мнозинство од сите совети на општините, кои ги опфаќа подрачната едница на Министерството за внатрешни работи.

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер