Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Финале на турнирот во мал фудбал

  • PDF
  • Print
  • E-mail

На 27 август по повод празникот Голема Света Богородица се одржа финалната вечер на турнирот во мал фудбал. Во полуфиналниот натпревар се натпреваруваа спортистите на екипите Памела и ИД- Комерц каде што победи екипата на Памела. Потоа следуваше финалниот натпревар помеѓу екипите на ОЛ-АН село Корешница и Хавана- Стејт бар каде што победи екипата на Хавана- Стејт бар.По оваа победа следуваше прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите од страна на претседавачот на советот Петар Мојсов.На победничката екипа Хавана- Стејт бар и беа доделени 45.000 денари.На второто место се пласира екипата на ОЛ-АН село Корешница со парична награда од 30.000 денари и третото место им припадна на екипата на Памела со парична награда од 15.000 денари.Покрај паричните награди на победниците им беа доделени пехари, а признанија им беа доделени на поедини лица кои го помогнаа овој турнир.

Инаку овој традиционален турнир во мал фудбал траеше околу 20 дена, а натпреварите се одржуваа на школското игралиште во вечерните часови и беа следени од голем број љубители на овој спорт од Демир Капија и гости од повеќе градови.

На финалната вечер публиката имаше можност да проследи и неколку вежби од Таеквондо спортот од страна на членовите на Македонската Таеквондо репрезентација.Граѓаните беа известени дека со стартот на учебната година и во Демир Капија заживува и почнува нов клуб за Таеквондо кој во светот е доста развиен олимписки спорт. Демиркапијци имаат чест покрај главниот град да бидат фтори воопшто во републиката што ќе имаат можност да го вежбаат овој спорт.

Повеќе фотографии можете да најдете тука

Finale Turnir 2014

 

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Дали сте задоволни од услугите на општина Демир Капија?
 
There are no translations available.

Banner
Banner
There are no translations available.

PUBLIC ENTITY

There are no translations available.

ТЕКОВНА СОСТОЈБА

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner