Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

За развој и збогатување на културно – забавниот живот во Демир Капија постојана грижа води Домот на културата Мирка Гинова од овој град. Овој месец за граѓаните на Демир Капија се чувствува богат културно – забавен живот по препорака на Министерството за култура на Република Македонија со реализација на традиционалната манифестација Топол културен бран. Во саботата во вечерните часови на училишното игралиште за граѓаните од овој град беше приреден заеднички концерт на народни песни, обичаи и ора. Двочасовната културно уметничка програма ја изведоа фолклористите на Ансамблот Македонија од Скопје и фолклористите на КУД Мирка Гинова од Демир Капија. Ансамблот Македонија од Скопје низ песни и обичаи придружувани од зурли, кавали, гајди и тапани , како и со игри ги потсетија гледачите, а особено постарите на македонскиот народен фолклор кој се негувал на некои значајни верски празници. Инаку, фолклористите на КУД Мирка Гинова од Демир Капија со својот настап уште повеќе ја збогатија програмата со песни и сплетови на народни ора.

Повеќе фотографии можете да најдете тука

kulturen bran

 

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер