Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
ПочетнаТуризамТуризамМеѓународен Outdoor фестивал Демир Капија 2016

Меѓународен Outdoor фестивал Демир Капија 2016

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Општина Демир Капија ги поканува сите љубители на спорт и рекреација во природа на меѓународниот outdoor фестивал Демир Капија 2016.

Фестивалот ќе се одржи од 13 до 15 Maj 2016 во уникатната природна убавина во регионот на општина Демир Капија која што е идеална за сите спортови и рекреации кои што се одвиваат во природа. Целта на фестивалот е зацврстување на дружењето помеѓу сите љубители на природата и спортот. Ние ги покануваме сите качувачи, алпинисти, кајакари, велосипедисти, планинари, спелеолози и сите оние кои што ја сакаат природата планините, реките шумите и доброто дружење.
Во текот на деновите на фестивалот сместувањето е во камп за шатори , и во алпинистичките домови и останати хотели во Демир Капија. Исто така се обезбедени и места за презентација на вашите омилени активности , филмови и slide shows ќе може да ги представите на неколку видео бимови во ресторанти , дом на културата и во музејот на Демир Капија. Исто така ќе биде организиран и концерт и друга културно забавна програма . За федерациите и клубовите кои што сакаат да организираат свои натпревари и други активности ќе им биде укажана подршка од општината и од спортските клубови "Клисура", "Плоча", "АК-8".  Исто така ќе функционира и спасителната служба.
Ги покануваме за учество сите заинтересирани федерации и клубови исто така и спонзори и мецени кои што сакаат да ги подржат и развиваат спортовите во природа во Република Македонија.

Добродојдовте во еден од најубавиот природен регион Демир Капија Македонија

За контакт : +38971490097 Игор Николовски; +389 70343401 Александар;

Повеќе

View-from-the-camping-place

DSC 0422

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер