Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Фотонапонските централи започнаа со производство на ел. енергија

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

fotonaponski centraliВо Демир Капија по пат на електронско јавно надавање од Урбанистички план Попова Кула Демир Капија измени и дополнувања зона за индустрија и стопанство беа оттуѓени 18 градежни парцели на кои веќе се изградени фотонапонски централи, и кои започнаа со производство и дистрибуција на електрична енергија од обновлив извор – сончева енергија, со трансформација на сончевата енергија со користење на фотоволтна технологија. Големата заинтересираност за изградбата на овие централи токму на овој простор се поволните климатски услови како што се голем број на сончеви денови и траење на сончевото зрачење.

Во општина Демир Капија во тек е објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Репиблика Македоја по пат на електронско јавно надавање. Предмет на електронското јавно надавање се 42 градежни парцели од кои 25 градежни парцели од Детален урбанистички план Попова Кула Демир Капија измени и дополнувања зона за индустрија и стопанство во КО. Демир Капија, а намената на градежните парцели е Г2- лесна и не загадувачка индустрија со почетна цена од 61.00 денар за квадратен метар, потоа 16 градежни парцели од Урбанистички план за село Дрен (Локалитет Дошница) КО.Чифлик, намената на парцелите е А1 –домување во станбени куќи со почетна цена од 150 денари за квадратен метар и 1 градежна парцела од Локална урбанистичка планска документација за изградба на откупен дистрибутивен центар на регионален пат Р-22 КО.Корешница, намена на градежната парцела е Г2-лесна незагадувачка индустрија со почетна цена од 61.00 денар за квадратен метар.

Заинтересираните физички и правни лица можат да поднесат пријава за јавно надавање во електронска форма на www.gradezno-zemjiste.mk за секоја градежна парцела поединечно. Пријавите за јавното електронско надавање се доставуваат до 15.09.2014 година, а јавното наддавање ќе започне на 19.09.2014 година во 12.00 часот и истото ќе трае 30 (триесет) минути.

Објавата е објавена на WEB страницата на Општина Демир Капија, www.opstinademirkapija.gov.mk

 

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер