Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одбележување на празникот Света Петка

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Денешниот христијански празник летна Света Петка верниците го прославија организирано во природа кај изградената чешма Света Петка што се наоѓа на оддалеченост околу четири километри од градот во непосредна близина на месноста Горна Ергела. Прославата на овој празник започна најпрво со посета на црквата Света Богородица.По отслужената света божествена литургија, верниците допатуваа до ова свето место,а тука беа поставени маси и клупи за седење.Кој како пристигнуваше запали свеќи пред поставената икона на светицата Света Петка и се напија вода од чешмата посакувајќи од Света Петка здравје на своето семејство.Топлото и сончево време и извршената поправка на локалниот пат овозможија овде да дојдат голем број верници од општината Демир Капија, а ги имаше и од општините Неготино,Градско и од Струмица.Меѓу бројните верници престојуваше градоначалникот на општината Демир Капија Трајче Димитриев,преседавачот на советот Петар Мојсов и претставници од неколку јавни претпријатија од градот. Овде свештеникот Виктор Димовски ги отпеја погачите со паричка што ги донесоа ланските кумови, а по овој чин следуваше кршењето на погачите и барањето на паричките за да се види кои ќе бидат кумови за идната година.Потем следуваше поставувањето на трпезата со посни јадења.

sv Petka

За време на нашиот престој времето го искористивме за разговор со Донка Самандова,која до 1962 година живеела во селото Горна Ергела, а со појавата на миграцијата од село во град,таа со своето семејство животот го продолжила во Градско. Од ова населено место се омажила во Струмица.Пред една деценија Донка Самандова се разболила и за да оздрави, на три пати на сон и се јавила светицата Света Петка, велејки таа да изгради света чешма под селото Горна Ергела. Така таа болна со својот маж Стефан, со автомобил допатувале овде и ја открила светата вода која лекувала повеќе болести. Тој ден со помош на своите роднини кои живеат во Демир Капија,од година во година се изградила чешмата крстена според сонот што го сонувала летна Света Петка. Уште истата година кога ја открила оваа света вода Донка Самандова оздравила и се зарекла дека овде ќе доаѓа и ќе им служи на верниците секоја година, додека ќе биде жива. Меѓу верниците се зборуваше дека многумина болни ширум нашава земја посетувајки го ова свето место и пиејки ја водата што тече од изградената чешма нашле лек и оздравиле. Посетата на Градоначалникот ја искористивме за разговор за перспективните планови на општината Демир Капија. Градоначалникот Трајче Димитриев ги информира верниците дека Општината големо внимание посветува на развојот на туризмот. Годинава општината ќе инвестира средства и за уредување на спомен чешмата Света Петка, бидејки во сите годишни времиња е посетена како од верниците, така и од домашните и странските туристи.

 

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер