Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Отварање на турнирот во мал фудбал Голема Света Богородица

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

Синоќа на училишното игралиште во Демир Капија,во присуство на голем број граѓани, по петти пат започна одржувањето на традиционалниот турнир во мал фудбал Голема Света Богородица.Во оваа спортска традиционална манифестација се пријавија да учествуваат 20 екипи од Тиквешкиот регион. По настапот на фолклористите на КУД Мирка Гинова од Демир Капија,турнирот во мал фудбал го отвори градоначалникот на општината Демир Капија г-дин Трајче Димитриев кој истакна дека во организација на спортскиот клуб Света Богородица и општина Демир Капија, на граѓаните од Демир Капија кои се љубители на фудбалот им се овозможува забава во вечерните часови со почеток од 20 часот, па се до полноќ, а се натпреваруваат по четири екипи. Турнирот ќе трае се до 27 овој месец,првиот ден на Демиркапискиот панаѓур на кој ќе бидат прогласени екипите победници и притоа ќе бидат доделени наградите и признанијата.

turnir 2014

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дали сте задоволни од услугите на општина Демир Капија?
 

Банер
Банер

Врз основа на член З од Правилникот за начинот и постапката за доделување на општински награди и признанија 6p.07-185/1 од 11.09.1998 година донесен од Советот на општина Демир Капија, Комисијата за доделување награди и признанија покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на наградата ”7-ми Ноември” и признанија за 2018 година.

 

  1. Иницијатива за доделување на награда 7-ми Ноември“ и признание МОЖе да поднесат сите физички и правни лица од Општина Демир Капија. Иницијативата се поднесува во писмена форма и истата содржи пошироко образложение за кандидатот односно кандидатите кои се предлагаат за наградата односно признанието, неговите остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на Општина Демир Капија и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во областа на економскиот развој, науката, уметноста, образованието, културата, здравствената заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области.

Подносителот на Иницијативата во својот предлог задолжително мора да назначи дали кандидатот или кандидатите се предлагаат за награда „7-ми Ноември” или признание.

  1. Наградата „7-ми Ноември” се доделува на поединци, група творци, претпријатија, установи, организации и здруженија на грайни, за особено значајни остварувања од интерес на општината.

З. Признанијата се доделуваат за посебен придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на Општина Демир Капија.

4. Иницијативите се доставуваат до Советот на Општина Демир Капија, Комисија за доделување награди и признанија на ул. 11-ти Октомври 66 Демир Капија најдоцна до 25 Октомври 2018 година.

 

ТЕКОВНА СОСТОЈБА

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер