Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржана десетата седница на советот на општина Демир Капија

  • PDF
  • Print
  • E-mail

Советот на општина Демир Капија вчера ја одржаа десетата по ред редовна седница на која се водеше расправа по десет точки од дневниот ред.Седницата ја отвори и ја водеше преседавачот на советот Петар Мојсов. 

Прва точка на дневниот ред беше предлог одлуката за измена и дополнување на Општинскиот буџет за оваа година при што со ребалансот вкупните приходи од планираните 121 милион и 904 илјади денари се зголемени на 122 милиони и 398 илјади денари.За зголемувањето на приходите и за вкупните расходи образложение даде претставникот од одделението за финансиски прашања Евгенија Ѓоргиев.

Покрај ова одлука советниците ги разгледаа и ги донесоа и предлог одлуките кои се однесуваа за одобрување на финансиски средства за извршување на некои градежни работи во црквата Света Богородица и одобрување на средства за превоз на работници од населените места на оваа општина кои се вработени во новоотворената фабрика во Кавадарци. На вчерашната општинска седница советниците по водената расправа донесоа и одлука за утврдување на висината на надоместоците што се плаќаат за користење на општински јавни патишта.По оваа точка образложение даде Младен Петров,а додека Ана Ристова ги запозна советниците по предлог одлуката за работа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за временскиот период за оваа и идната година. По расправата едногласно беше усвоена и предлог Програмата за изработка на урбанистички планови во општината Демир Капија за оваа година.За што станува збор во оваа програма советниците беа запознати од раководителот на сектор за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и локален економски развој Тони Петков.

sovet 10

Вчерашната општинска седница во Демир Капија Советниците ја завршија со расправа по предлог решението за именување на стручна комисија за процена на штети предизвикани од елементарна непогода, односно од врнежи на град.Оваа Комисија ја сочинуваат дипломираните инжинер агрономи Диме Илов и Валентина Недева и Младен Петров претставник од општинската администрација.Покрај ова, беше донесено и решението за доделување финансиски средства на Спортскиот клуб Богородица за организирање на традиционалниот турнир во мал фудбал посветен на прославата на големиот христијански празник Голема Света Богородица,а на овој празник се одржува и Демиркапискиот панаѓур.На оваа манифестација во вечерните часови дваесетина дена ќе се одржуваат натпревари во мал фудбал со голем број екипи,а така ќе има забава за граѓаните од Демир Капија.

Повеќе Фотографии на www.Facebook.com

 

 
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Дали сте задоволни од услугите на општина Демир Капија?
 
There are no translations available.

Banner
Banner
There are no translations available.

PUBLIC ENTITY

There are no translations available.

ТЕКОВНА СОСТОЈБА

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner