Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Македонија земја на цвеќето - Земја на розите

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Денес Општина Демир Капија се вклучи во националната еколошка акција „Македонија земја на цвеќето - Земја на розите" по повод Денот на пролетта. Акцијата за поголема чиста и здрава животна средина се спроведе на неколку локации во Демир Капија.Во училишниот двор, во рамките на постоечката зелена површина, беа засадени рози од страна на градоначалникот на општината Трајче Димитриев и вработените во општината, а потоа акцијата ја продолжија наставниот кадар и учениците придонесувајќи за поубава и поздрава еколошка средина како во училиштето така и во местото на живеење.

Посебен момент беа изложените експонати и изработки од учениците од одделенска настава и нивните ментори наставници кои навистина се потрудиле да ја доловат пролетта на невообичаен начин, со прекрасни цветни изработки се во духот на цветните тонови и аранжмани се во духот на пролетта.

На овој начин, свечено се одбележа и промовира Денот на розите, Денот на пролетта и Денот на цветна Македонија.

den na prolet

 

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дали сте задоволни од услугите на општина Демир Капија?
 

Банер
Банер

Врз основа на член З од Правилникот за начинот и постапката за доделување на општински награди и признанија 6p.07-185/1 од 11.09.1998 година донесен од Советот на општина Демир Капија, Комисијата за доделување награди и признанија покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на наградата ”7-ми Ноември” и признанија за 2018 година.

 

  1. Иницијатива за доделување на награда 7-ми Ноември“ и признание МОЖе да поднесат сите физички и правни лица од Општина Демир Капија. Иницијативата се поднесува во писмена форма и истата содржи пошироко образложение за кандидатот односно кандидатите кои се предлагаат за наградата односно признанието, неговите остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на Општина Демир Капија и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во областа на економскиот развој, науката, уметноста, образованието, културата, здравствената заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области.

Подносителот на Иницијативата во својот предлог задолжително мора да назначи дали кандидатот или кандидатите се предлагаат за награда „7-ми Ноември” или признание.

  1. Наградата „7-ми Ноември” се доделува на поединци, група творци, претпријатија, установи, организации и здруженија на грайни, за особено значајни остварувања од интерес на општината.

З. Признанијата се доделуваат за посебен придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на Општина Демир Капија.

4. Иницијативите се доставуваат до Советот на Општина Демир Капија, Комисија за доделување награди и признанија на ул. 11-ти Октомври 66 Демир Капија најдоцна до 25 Октомври 2018 година.

 

ТЕКОВНА СОСТОЈБА

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер