Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Пуштена во употреба новата училишна спортска сала во Демир Капија

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Денес на свечен начин беше предадена во употреба спортската сала во Демир Капија од страна на премиерот на република Македонија г-дин Никола Груевски, министерот за образование и наука г-дин Спиро Ристовски, градоначалникот на општина Демир Капија г-дин Трајче Димитриев и директорката на училиштето Сребренка Тодорова. Овој ден треба да се запише со златни букви во историјата и развојот на Демир Капија.

Тоа што до денес беше само еден голем сон на сите граѓани на Демир Капија, сега е стварност.

Изградбата на оваа спортска сала со капацитет од 400 седишта, е дел од Проектот на Владата на Република Македонија во соработка со Министерството за образование и наука за изградба и опремување на училишни спортски сали во Македонија.

Овој долгоочекуван и ветен објект, ќе внесе нов, позитивен момент во секојдневието на децата и младите од општината. Сите знаеме, дека физичкото образование е еден од најбитните сегменти од севкупниот образовен процес. Спортската активност е клучен фактор за создавање на здрави генерации, какви што и се потребни на Република Македонија.sala 1

Часовите по физичко воспитување нема повеќе да се одржуваат во училници и во дворот на училиштето, туку во нормални услови во современа спортска сала.

Со отворањето на овој значаен спортски објект, ќе се создадат услови за откривање нови таленти, во разни спортски дисциплини, идни освојувачи на медали, кои достојно ќе ја промовираат Демир Капија и Република Македонија и во меѓународни рамки.

Затоа, голема Благодарност до Владата на Република Македонија што Општина Демир Капија се здоби со објект на современо опремена спортска сала како проект со трајна вредност.

sala 2

Новиот спортски објект ќе го користат не само учениците на ова училиште, туку и спортските екипи од градот и Општината и сите други вљубеници на спортот. Тој располага со гардероби, туш-кабини, посебни простории за наставниците и други помошни простории.

 

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер