Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржана осмата седница на советот на општина Демир Капија

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

Вчера Советот на општината Демир Капија ја одржа осмата по ред редовна седница на која советниците водеа расправа по 26 точки од дневниот ред. Советниците посветија големо внимание на разгледувањето на завршните сметки интересирајки се какви финансиски средства имаат остварено општината и јавните претпријатија од работењето за изминатата 2013 година. Паралелно со тоа тие од подготвените завршни сметки беа запознати и колку изнесуваат вкупните расходи при реализација на проектите и други потреби. За работењето на општината образложение даде Евгенија Ѓоргиев претставник од одделението за финансии, истакнувајќи дека во општинската каса се планирало да се остварат вкупни приходи од над 127 милиони денари,а се акомулираа во општинскиот буџет над 83 милиони денари. Во споредба со претходната година, минатата година се остварени поголеми приходи. Инаку, вкупните расходи изнесуваат над 82 милиони денари. По расправата советниците ја усвоија завршната сметка.Веднаш по ова се водеше расправа и по предлог општинскиот буџет за 2015 година. Со расправа на советниците и во присуство на директорите на вчерашната седница беа усвоени и завршните сметки на Јавното претпријатие Бошава, Детската градинка Борис Трајковски, Домот на културата Мирка Гинова и Општинското основно осмогодишно училиште Димче Ангелов Габерот од Демир Капија.

osma sednica

На вчерашната редовна седница советниците водеа расправа за урбанистички планови посветени на комуналното уредување на градот. На ова тема по расправата и по образложението на архитектот Тони Петков, беа донесени повеќе одлуки со кои се овозможува непречено реализирање на подготвените проекти кои се од заеднички интерес за сите жители од оваа општина. Седницата заврши со неколку поставени советнички прашања на кои одговор даде градоначалникот Трајче Димитриев.

 

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер