Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Недела на традициите „Св Трифун 2014“

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Минатата недела по четврти пат во Општина Демир Капија традиционално се одбележа празникот Недела на традицијата во чест на свети трифун организирајќи неколку натпревари и културни манифестации.

1912370 1404644706455401 1343105496 nПрвиот ден граѓаните имаа можност да учествуваат во натпревар за најдобар закројувач на виновата лоза.

 

 

75931 1404644833122055 1017016981 nВториот ден граѓаните имаа можност да учествуваат во натпревар за избор на најдобро домашно вино и ракија

Третата ден граѓаните можеа да присуствуваат на форум на тема Можности за органско производство


1904235 1405490323037506 1247504273 n

Четвртата ден граѓаните имаа можност да присуствуваат во натпреват за најдобро приготвено традиционално јадење

  

 

 

 

Петата ден во центарот на градот Демир Капија се реализира програмата посветена на празникот Свети Трифун 2014 денот на лозарите и винарите во организација на Општината Демир Капија и Центарот за едукација и вмрежување во туризмот Ценет. На оваа прослава покрај лозарите и винарите од општината Демир Капија, беа присутни претседателот на република Македонија Ѓорге Иванов, гости од Унгарија, Бугарија, Турција и Грција и голем број амбасадори.

1653722 1405979702988568 926043782 n

Прославата  најпрво започна со посета на црквата Света Богородица и овде за верниците свештеникот отслужи света архиерејска литургија посветена на светецот Свети Трифун. Потоа со осветена вода лозарите ги посетија своите плантажни лозја и со попрскување на неколку лозови прачки со светата вода го започнаа првото закројување на виновата лоза со благослов годината да биде со богат род на квалитететно трпезно и винско грозје. На градскиот плоштад од 10 часот започнаа активностите со културно уметничка програма, базар на вино, ракија, мед и други производи а за време одржувањето на оваа традиционална манифестација бесплатно се точеше вино и ракија. Во 12 часот продолжи реализацијата на Програмата со свечено закројување на виновата лоза од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, свештеникот и градоначалникот Трајче Димитриев. Пред чинот за закројување, градоначалникот им посака добредојде на претседателот и другите гости, а на лозарите им го честита празникот со благослов годината да биде родна и бериќетна. Со благослов пред лозарите и гостите се обрати и претседателот на Република Македонија. Потоа свештеникот прочита молитва и благослови да се роди богат род на квалитетно грозје. По свечено закројувањето програмата продолжи со прогласувањето и доделувањето на наградите на победниците што учествуваа на организираните натпревари во кроење на винова лоза, најдобро традиционално јадење и најдобро вино и ракија од страна на преседавачот на Советот на општината Демир Капија, Петар Мојсов. По прогласувањето и доделувањето на наградите прославата продолжи со културно уметничка програма на која се претставија Ансамблот Македонија, музичката група Нели ти реков со Кате, Блага Петревска, фолклористите на КУД Мирка Гинова од Демир Капија, КУД Мугри од Кочани и КУД Илинден од Демир Хисар. Прославата заврши со аукција на архивски вина, а собраните средства ќе бидат донирани во детската градинка Борис Трајковски во Демир Капија.

 

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер