Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржана седмата седница на советот на општина Демир Капија

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Вчера советот на општината Демир Капија ја одржа седмата по ред редовна седница на која советниците водеа расправа по осум точки од дневниот ред. Најпрво беше разгледана и освоена предлог програмата за работа на Советот за оваа година.Инаку,со оваа програма беа набележани темите по кои ќе се води расправа за реализација на подготвените проекти,за повеќе активности , ќе бидат разгледувани финансиски планови на општината и на јавните претпријатија,завршни сметки и други точки кои ќе произлегуват во текот на работата.Веднаш по усвојувањето на Програмата,советниците водеа расправа и ги донесоа предлог одлуките кои се однесуваа за измена и дополнување на одлуката за организација, делокругот и начинот за извршување на задачите на општинската администрација, потоа за измена и дополнување на општинскиот буџет за оваа година, програмата за организирање на традиционалната манифестација по повод Денот на лозарите Свети Трифун, насловена како „Недела на традицијата Свети Трифун 2014", а по уводното излагање на архитектот Тони Петков беа освоени и одлуките за утврдување на нацрт урбанистички план вон населено место во индустриската зона Попова Кула и утврдување на нацрт урбанистички план вон населено место за зона спорт и рекреација во месноста викано Куријте и Лагот, во непосредна близина крај брегот на реката Бошавица.

8 sednica

На вчерашната седница советниците големо внимание посветија на програмата за организирање на манифестацијата со која ќе се одбележи Денот на лозарите и винарите,насловена како „Недела на традицијата Св.Трифун 2014", на која организатори се Општината Демир Капија и Центарот за едукација и вмрежување во туризмот Ценет. Оваа манифестација ќе трае со бројни активности повеќе дена и тоа со натпревари во кроење, најдобро вино и ракија, најдобро приготвено традиционално јадење и на 14 февруари по повод празникот Свети Трифун каде што ќе се одржи централната прослава на која се очекува да допатуваат голем број на гости од земјава и странство. По ова точка од дневниот ред беше разгледано и Решението за формирање на совет за јавно здравје за жителите од општината Демир Капија.Инаку,како претставник од Центарот кој ќе го покрива подрачјето на оваа општина од областа на јавното здравје е назначена докторка Иванка Тодоровска.Седницата заврши со неколку советнички прашања кои се однесуваа за комуналното уредување на градот Демир Капија,а на нив одговор даде градоначалникот Трајче Димитриев.

 

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер