Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Подобрување на комуналната хигиена во градот

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

kantiНеодамна во Јапонската канцеларија за врски во Скопје, градоначалникот Трајче Димитриев со претставникот на јапонската амбасада Наојоши Јонејама потпишаа договор за грант од Програмата за подршка на мали проекти при Владата на Јапонија.

Неодамна во Јапонската канцеларија за врски во Скопје, градоначалникот Трајче Димитриев со претставникот на јапонската амбасада Наојоши Јонејама потпишаа договор за грант од Програмата за подршка на мали проекти при Владата на Јапонија. Така со овој грант Општината Демир Капија придонесе Јавното комунално претпријатие Бошава од Демир Капија ,да се здобие со специјализирано возило камион за собирање и транспортирање на комунален отпад.Покрај ова ,се здоби и со 15 контењери.Исто така општината Демир Капија преку реализираниот проект на Вардарскиот плански регион се здоби со 16 контењери за селектирање на комуналниот отпад пластика и хартија кои веќе се поставенина на одредени локации во градот се со цел за подобрување на комуналната хигиена и зачувување на животната средина.Општината Демир Капија инвестира средства и за набавка на 500 пластични канти кои од денеска почнаа да се делат на домакинствата. Со овој зафат се очекува значително да се подобри комуналната хигиена во градот. А кога имаме чиста животна средина,нема услови да се појави некоја епидемија на болест.Бидејќи кантите се пластични се апелира до сите домакинства внимателно да ги користат при собирањето на отпадокот.

kanti

Им се препорачува на секое домакинство во кантите да не фрлаат пепел од чистењето на своите печки за да не дојде до избувнување на пожар и оштетување на кантите.

 

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер