Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржана шеста седница на советот на општина Демир Капија

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Советот на општината Демир Капија ја одржаа шестата по ред редовна седница на која советниците водеа расправа по 26 точки од дневниот ред. Инаку,најголемо внимание на оваа седница советниците посветија на разгледувањето на предлог општинскиот буџет за 2014 година за кој објаснување даде Евгенија Ѓоргиев претставник од оделението за финансии. Според планот за идната година се очекува општината Демир Капија да оствари 121 милион и 904 илјади денари.Оваа очекувана планирана бројка на вкупен приход се очекува да се оствари од даночни и неданочни приходи, потоа од капитални приходи, од дотации, трансфери и приходи од донации. Врз основа на проектите што треба да се реализираат, потоа за плати, надоместоци, за капитални расходи, како и за други давачки се планирани вкупните расходи да бидат колку и очекуваните приходи.Советниците поставуваа некои прашања за планираните трошоци, така што на крајот на расправата планираниот општински буџет беше усвоен.

На оваа седница исто така советниците се интересираа и за планираните годишни програми и за годишните финансови планирања на јавните претпријатија, а тука беа да ги презентират и да одговорат на поставените прашања Горан Ѓорев, директор на Домот на култура Мирка Гинова, Сребренка Тодорова, директорка на централното осмогодишно училиште Димче Ангелов Габерот, Наталија Димитриева, директорка на детската установа Борис Трајковски и Звонко Кичуков, директор на Јавното комунално претпријатие Бошава. На дневен ред на оваа општинска седница беше разгледана и усвоена и програмата за управување со отпадот во општината Демир Капија за временскиот период од идната па се до 2017 година. Веднаш по ова точка на разгледување и усвојување беа седум предлог програми кои се однесуваа за работата од областа на располагање со градежното земјиште, потоа за уредувањето на градежното земјиште, за изработка на урбанистички планови за идната година, за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици, за локален економски развој и програма за развој на алтернативниот туризам во општината Демир Капија за идната година. На оваа седница беа разгледани и усвоени и повеќе предлог решенија, а заврши со разгледување на неколку барања доставени од жители на општината Демир Капија.

 


 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер