Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Петта по ред редовна седница на советот

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Вчера Советот на општина Демир Капија одржа редовна седница на која советниците водеа расправа по 15 точки од дневниот ред.Седницата започна со разгледување на предлог одлука која се однесуваше за верификација на мандат на член на овој совет од причина што предложениот советник Јордан Трајков, претставник од политичката партија Дом по своја волја се откажа.. 

Така на оваa седница се верификува мандатот на членот на овој Совет Ленче Недева од листата на Демократската обнова на Македонија. Покрај ова одлука, беше разгледана и усвоена и предлог одлуката за измена и дополнување на општинскиот буџет за ова година.Пред усвојувањето се водеше расправа на која советниците поставуваа прашања, а одговараше раководителката на секторот за финансии Евгенија Иванов. Со вториот ребаланс Вкупните приходи на општинскиот буџет изнесуваат 127 милиони и над 418 илјади денари, а за реализација на проектите и за плата на вработените раскодите изнесуват 127 милиони и над 418 илјади денари.

peta sednica

На вчерашната општинска седница советниците ги разгледаа и ги усвоија и предлог одлуките што се однесуваа за започнување постапка за избор на приватен партнер за доделување на договор за јавно приватно партнерство за реконструкција, модернизација и одржување на јавно осветлување во Демир Капија,потоа за прослава на празникот 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Демир Капија. По овој повод ќе бидат доделени две седмоноемвриски награди и три признанија на заслужени правни и физички лица. Годинава наградите по повод овој празник ќе бидат доделени на амбасадата на Јапонија за придонесот што го има дадено за подобрувањето на комуналната хигиена во градот и на Делегацијата на Европската унија во нашава земја, за придонесот што го даде Амбасадата во областа на туризмот преку реализираниот проект Центар за едукација и вмрежување во туризмот. По овие награди ќе бидат доделени и традиционалните седмоноемвриски признанија на заслужени лица.По овие одлуки советниците водеа расправа и по предлог Програмата за уредување на градежното земјиште, за оперативниот план за дејствување во зимски услови, а во присуство на Звонко Кичуков, директор на Јавното комунално претпријатие Бошава се водеше расправа и по предлог Решението за давање согласност по извештајот за финансиското работење за изминативе девет месеци во оваа година.

На вчерашната општинска седница советниците водеа расправа и по предлог решението за доделување финансиски средства на Друштвото за туризам, алпинизам, планинарство и рекреаациони услуги Карпи за секој ДООЕЛ Демир Капија.Потоа беа изгласани Предлог решенија за одобрување на парични средства за потребите на црквите од селските населби Корешница и Барово,како и решение за Програмата за организирање и реализирање на екскурзии за ова учебна година за учениците при основното осмогодишно училиште од Демир Капија. Седницата заврши со разгледување на неколку барања доставени од физички и правни лица

 

Петре Пашоев

 

 

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дали сте задоволни од услугите на општина Демир Капија?
 

Банер
Банер

Врз основа на член З од Правилникот за начинот и постапката за доделување на општински награди и признанија 6p.07-185/1 од 11.09.1998 година донесен од Советот на општина Демир Капија, Комисијата за доделување награди и признанија покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на наградата ”7-ми Ноември” и признанија за 2018 година.

 

  1. Иницијатива за доделување на награда 7-ми Ноември“ и признание МОЖе да поднесат сите физички и правни лица од Општина Демир Капија. Иницијативата се поднесува во писмена форма и истата содржи пошироко образложение за кандидатот односно кандидатите кои се предлагаат за наградата односно признанието, неговите остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на Општина Демир Капија и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во областа на економскиот развој, науката, уметноста, образованието, културата, здравствената заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области.

Подносителот на Иницијативата во својот предлог задолжително мора да назначи дали кандидатот или кандидатите се предлагаат за награда „7-ми Ноември” или признание.

  1. Наградата „7-ми Ноември” се доделува на поединци, група творци, претпријатија, установи, организации и здруженија на грайни, за особено значајни остварувања од интерес на општината.

З. Признанијата се доделуваат за посебен придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на Општина Демир Капија.

4. Иницијативите се доставуваат до Советот на Општина Демир Капија, Комисија за доделување награди и признанија на ул. 11-ти Октомври 66 Демир Капија најдоцна до 25 Октомври 2018 година.

 

ТЕКОВНА СОСТОЈБА

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер