Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Алпинистичка Балканијада Демир Капија

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Од 24 до 27 Октомври 2013 година во живописната Демиркаписка клисура се одржa Алпинистичка Балканијада 2013 во организација на Македонската алпинистичка федерација и алпинистичкиот клуб „Плоча" со помош на спортскиок клуб „Клисура", со подршка на општината Демир Капија. На овој фестивал се натпреваруваа учесници од Македонија,Бугарија,Холандија,Америка и Русија. Целта на Балканијадата е зајакнување на пријателството и размена на искуства, промовирање на здрав спортски начин на живот, развој на карпестата област Демир Капија како перспективно место на Балканот за обука на алпинисти, спортски качувачи, туристи и љубители на активности во природа.

balkanijada

По завршувањето на натпреварите во домот на културата Мирка Гинова од Демир Капија беа прогласени најдобрите натпреварувачи кои се натпреваруваа во две категории и тоа за качување на долги стази на висина од 50 до 300 метри и технички мајстори во качување каде што натпреварувачите ја покажаа вештината во качувањето. Учесниците ги поздрави градоначалникот Трајче Димитриев кој им ги додели наградите на најдобрите натпреварувачи кои зедоа учество на Алпинистичката Балканијада Демир Капија 2013.

Тој меѓу другото рече:

Чест ми е што и оваа година по втор пат ,а се надевам во иднина и традиционално успешно се реализира овој меѓународен настан „Алпнистичка балканијада Демир Капија 2013".За гостите кои првпат престојуваат во Демир Капија,сигурен сум дека импресиите од природните убавини со кои изобилува нашиот крај како и гостопримството на месното население,ќе ве натераат повторно да дојдете.

Демиркаписката клисура,карпестите предели како природни реткости кои природата овде ги создала, се единствени на Балканот и предизвик за сите алпинисти, љубители на природата и качувачките спортови.Се трудиме да овозможиме подобри услови за развој на рекреативниот алпинистички туризам, како една од приоритетните програмски определби на општина Демир Капија да создадеме центар за обуки на алпинисти и спортски качувачи.

Се надевам дека од година во година овој меѓународен настан ќе биде се помасовен, а ние како општина ќе се трудиме да ви овозможиме подобар прeстој како добри домакини.

На алпинистичката балканијада зедоа учество шест натпреварувачи од спортскиот клуб клисура од Демир Капија каде што Ристе Камчев и Александар Кленов го освоија третото место во качување во двојки, а спортскиот клуб Клисура доби и пехар за најдобри резултати на клуб.

Повеќе на FACEBOOK

 

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дали сте задоволни од услугите на општина Демир Капија?
 

Банер
Банер

Врз основа на член З од Правилникот за начинот и постапката за доделување на општински награди и признанија 6p.07-185/1 од 11.09.1998 година донесен од Советот на општина Демир Капија, Комисијата за доделување награди и признанија покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на наградата ”7-ми Ноември” и признанија за 2018 година.

 

  1. Иницијатива за доделување на награда 7-ми Ноември“ и признание МОЖе да поднесат сите физички и правни лица од Општина Демир Капија. Иницијативата се поднесува во писмена форма и истата содржи пошироко образложение за кандидатот односно кандидатите кои се предлагаат за наградата односно признанието, неговите остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на Општина Демир Капија и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во областа на економскиот развој, науката, уметноста, образованието, културата, здравствената заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области.

Подносителот на Иницијативата во својот предлог задолжително мора да назначи дали кандидатот или кандидатите се предлагаат за награда „7-ми Ноември” или признание.

  1. Наградата „7-ми Ноември” се доделува на поединци, група творци, претпријатија, установи, организации и здруженија на грайни, за особено значајни остварувања од интерес на општината.

З. Признанијата се доделуваат за посебен придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на Општина Демир Капија.

4. Иницијативите се доставуваат до Советот на Општина Демир Капија, Комисија за доделување награди и признанија на ул. 11-ти Октомври 66 Демир Капија најдоцна до 25 Октомври 2018 година.

 

ТЕКОВНА СОСТОЈБА

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер