Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Четврта седница на советот на општина Демир Капија

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

На вчерашната одржана четврта по ред редовна седница советниците водеа расправа по 19 точки од дневниот ред.Инаку,седницата започна по предлог програмата за енергетска ефикасност на општината Демир Капија за временскиот период од оваа година па се до 2015 .

dsc 0655

По ова точка од дневниот ред пред советниците образложение за ефектите што се очекуваат да се постигнат со овие инвестициоини зафати даде Анета Ристова.По поставувањето на неколку прашања советниците донесоа одлука за реализација на оваа програма. Покрај ова одлука, советниците водеа расправа, а потоа донесоа уште пет предлог одлуки кои се однесуваа за усвојување на акционен план за изградба на пристапни рампи, лифтови, и подвижни платформи во објекти од јавен интерес,потоа за организација, делокругот и начинот на извршување на задачи на општинската администрација, за комунален ред и мерки за нејзиното спроведување како и одлуки за збратимување на општината Демир Капија со oпштина Алшонемеди од Република Унгарија и збратимување со општина Дикили од Република Турција. Покрај овие одлуки, на вчерашната општинска седница советниците дадоа и согласност за формирање паралелки со помал број на ученици во основнотоопштинско училиште Димче Ангелов Габерот во овој град. А за член на управниот одбор на Здравствениот дом во Неготино, советниците ја предложија Сузана Крстева.На дневен ред пред советниците се најде и годишниот извештај за работата и за постигнатите резултати на основното училиште за учебната 2о12 и 2013 година, а веднаш по ова беше разгледана и годишната програма за оваа учебна година.Пред да водат расправа советниците по овие две точки,образложение даде директорката на ова училиште Сребренка Тодорова.За Годишниот извештај за работата и постигнатите резултати на детската градинка Борис Трајковски за 2013 и 2014 година пред советниците зборуваше и директорката Наталија Димитриева. На оваа седница стана збор и за задолжително користење на изградената капела до црквата Света Богородица во Демир Капија.Се водеше расправа и по предлог решението за доделување финансиски средства на спорскиот клуб Богородица за организираниот турнир во мал фудбал кој овозможи забава за жителите од овој град во време траење од петнаесетина дена, кој се одржа во чест на големиот христијански празник Голема света Богородица. Седницата заврши со разгледување на неколку барања доставени од физички и правни лица од оваа општина, како и со неколку советнички прашања на кој одговор даде градоначалникот Трајче Димитриев.

 

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер