Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Пуштен во употреба водоводот во лаките

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

 

 После долгогодишно живеење без вода вчера жителите од месноста Лаки кај Демир Капија доживеаја голема радост кога во употреба им беше предаден изградениот водовод. Во употреба овој комунален објект го пушти градоначалникот на општината Демир Капија, Трајче Димитриев, во присуство на жителите од месноста Лаки и изведувачите на водоводот. Овој проект е во реализација на општината Демир Капија, а градежните работи ги изведе Јавното комунално претпријатие Бошава од Демир Капија.Водоводната мрежа е во должина од 450 метри и е поставено црево ф 63, набиена е цевка во бунар во должина од 13 метри, а е поставена електрична пумпа хидрофор.Притисокот изнесува 7 бари.Вложените средства се неспоредливи во однос на среќата која ја почуствуваа жителите Во месноста Лаки живеаат околу 20 жители кои претежно се занимаваат со сточарство. Жителите кои за првпат се здобија со водовод се мошне задоволни, бидејќи во голема мера ќе им се олеснат работите за производство на сточарски производи, а ќе користат и здрава вода за пиење и за други потреби. Во иднина се планира да се надгради системот со резервоар.

 

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер