Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Формирање на спорски клуб Клисура

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

  


Иницијативниот одбор предводен од група граѓани љубители на планинарските спортови на ден 15.06.2013 година одржа состанок со Градоначалникот на општина Демир Капија г-дин Трајче Димитриев и му ја предложија нивната идеја за формирање на спорски клуб.Градоначалникот ја подржа во целост нивната идеја и истакна дека се што е во негова можност ќе помогни за работењето на еден ваков спортски клуб.Едногласно беше одлучено спортскиот клуб да го носи името Клисура.За претседател беше избран Александр Кленов еден од ретките мајстори на планинарските спортови и поставувач на качувачките насоки со меѓународна квалификација.  Во најблиските планови на Клубот, со материјална поддршка на општина Демир Капија е поставување на металниот кабел што ќе ги поврзе по краjот на реката Вардар сите сектори за качување и ќе го отвори патот кон  неискористените карпи. Инаку Демиркаписката Клисура претставува еден од најдобрите локалитети во Република Македонија коj предвидува извонредни можности за сите видови на качување. Карпата  е составена од варовник кој на места е компактен и има доволен број на пукнатини за осигурување . Карпата е интересна пред се за љубителите на нови и првични искачувања. Можноста за заштита е одлична, бидејќи рељефот е погоден за користење на клинови, чокови, френдови и практично се од средставата за обезбедување. Должината на алпинистичките насоки изнесува од 200 до 250 метри. Карпата има повеќе страни на експонираност, но поради ниската надморска височина  во лето се  препорачува качување во сектори со сенка и во раните утрински часови. Демир капија има приморска клима со што летата се многу топли исто така и во зима е доста топло за разлика од останатите локалитети во Македонија. Најдобро време за качување е пролет и есен но и во зимски услови исто така може да се качува.Во моментов, во регионот на Демир Капија се поставени околу 60 алпинистичките насоки кои се обезбедени со алпинистички клинови. Исто има и околу 100  опремени кратки качувачки насоки за тренинг и рекреација кои се движат во должина од 15 до 30 метри со различна тежина.Поголем број се со експанзиони клинови  со различни видови на карабинери на сидриштата , а ги  има и со лепени клинови.Создавање на нови насоки и реновирање на стари рути ќе биде постојана грижа за локалниот спортски клуб  „Клисура“ при што ќе се обезбедат услови за тренинг и безбеден одмор за љубителите  на планини од Македонија и од целиот свет.

                                                                 

  

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дали сте задоволни од услугите на општина Демир Капија?
 

Банер
Банер

Врз основа на член З од Правилникот за начинот и постапката за доделување на општински награди и признанија 6p.07-185/1 од 11.09.1998 година донесен од Советот на општина Демир Капија, Комисијата за доделување награди и признанија покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на наградата ”7-ми Ноември” и признанија за 2018 година.

 

  1. Иницијатива за доделување на награда 7-ми Ноември“ и признание МОЖе да поднесат сите физички и правни лица од Општина Демир Капија. Иницијативата се поднесува во писмена форма и истата содржи пошироко образложение за кандидатот односно кандидатите кои се предлагаат за наградата односно признанието, неговите остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на Општина Демир Капија и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во областа на економскиот развој, науката, уметноста, образованието, културата, здравствената заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области.

Подносителот на Иницијативата во својот предлог задолжително мора да назначи дали кандидатот или кандидатите се предлагаат за награда „7-ми Ноември” или признание.

  1. Наградата „7-ми Ноември” се доделува на поединци, група творци, претпријатија, установи, организации и здруженија на грайни, за особено значајни остварувања од интерес на општината.

З. Признанијата се доделуваат за посебен придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на Општина Демир Капија.

4. Иницијативите се доставуваат до Советот на Општина Демир Капија, Комисија за доделување награди и признанија на ул. 11-ти Октомври 66 Демир Капија најдоцна до 25 Октомври 2018 година.

 

ТЕКОВНА СОСТОЈБА

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер