Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржана втората седница на советот

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

    Втората седница на советот на општината Демир Капија започна со донесување на одлука за одложување на првата точка од дневниот ред,а се однесуваше  за верификација на мандат на член на Советот на оптшината Демир Капија,кој сеуште го нема донесено решението од општинската изборна комисија. Веднаш по донесената одлука советниците започнаа со расправа по предлог одлуката  за давање на согласност и гаранција за задолжување на Јавното комунално претпријатие Бошава од Демир Капија за целосна реконструкција на градскиот водоводот со цел градот да биде снабден со доволно здрава вода за пиење.По ова точка се водеше  расправа и по предлог решението за давање на согласност на извештајот за финансиското работење на ова претпријатие за месеците од  јануари до март оваа година.Во расправата по овие две точки на прашањата поставени од советниците одговор даде  Звонко Кичуков, директор на Јавното комунално претпријатие Бошава од Демир Капија. На вчерашната оптшинска седница советниците донесоа и решение за разрешување и именување на членови на управниот одбор на Јавното комунално претпријатие Бошава од овој град. За нови членови се избрани Сузана Крстева, Јулијана  Гацева, Звонимир Будимировиќ, Руменка  Цекова и Валентина Крстевска. А за членови на надзорниот одбор за контрола  на материјално финансиското работење на Бошава се избрани Билјана Шопова, Марија  Ангеловска, Катерина  Ефремова, Иван Тегов и  Миле Лазов.Советниците  водеа расправа  и по решението за разрешување и именување на членови во Управниот одбор на општинската установа Дом на култура Мирка Гинова од Демир Капија. За нови членови се избрани Андон Крстевски, Анита  Младеновиќ и  Весна  Јовановиќ. 

       На вчерашната седница  советниците водеа расправа  и по  предлог одлуките за користење на средствата за финансиска  поддршка на руралниот развој за оваа година за проектите: надградба на дел од локалниот пат за селото Прждево,  реконструкција  на дел  од локалниот пат што води од селото Корешница за селото Челевец во должина од два километри, како и за  предлог изработка на урбанистички планови за населените места Корешница, Чифлик и Клисура. По овие три точки од дневниот ред советниците беа запознати од раководителот на оделението за урбанизам и комунални работи Тони Петков, како и од градоначалникот на оптшината Трајче Димитриев. Седницата заврши со разгледување на неколку барања доставени од жители на општината и со неколку советнички прашања на кои одговараше градоначалникот.

 

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер