Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
ПочетнаАрхива

Награда за најдобра режија на аматерскиот фестивал во Кочани

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Во саботата во Кочани заврши традиционалниот аматерски драмски фестивал кој траеше шест дена. Жири комисијата беше во состав од професионалните актерки Кристина Атанасова Арсова, Изабела Новотни и Русе Арсов театарски продуцент. Од проследените 46 драмски претстави од Република Македонија жирито одобри 15 пиеси да учествуваат на овој Аматерски драмски фестивал што по 49 пат се одржа во Кочани. Во тој голем избор на пријавени драмски претстави, Аматерскиот театар „Мирка Гинова“ од Демир Капија учествуваше на овој натпревар со две претстави. На 29 мај Аматерскиот театар пред Кочанската публика и пред жири комисијата се претстави со детската сказна „Убавицата и шумскиот ѕвер“ во драматизација и режија на Мице Пашоевски и со печалбарската драма „Парите се отепувачка“ во режија на Томе Атанасов. Наградата за најдобра режија на 49 фестивал на аматерскиот театар во Кочани жирито му ја додели на актерот и режисер Томе Атанасов, кој ја подготви пиесата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле. Инаку, оваа печалбарска претстава во Демир Капија е изведена на сцена четири пати а со неа театарот гостуваше и во Радовиш. Во наредниве дена ќе се продолжи со гостување во Домовите и Центрите за култура со кои Домот на културата од Демир Капија има воспоставено културна соработка.

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер