Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Интензивно се гради автопатот Демир Капија - Смоквица

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта


Премиерот Груевски во саботата беше во посета на изградбата на делницата од Демир Капија до Смоквица на автопатот Александар Македонски. Заедно со министрите за финансии Зоран Ставревски и за транспорт и врски Миле Јанакиевски го посетија градежниот пункт на изведувачот, грчката фирма Актор во Демир Капија , а потоа се упатија и кон почетокот на трасата на која е интензивирана изградбата на првиот од двата нови тунели.

Тунелите се наоѓаат во Демиркаписката клисура, над постоечките тунели, на патот кој води кон Гевгелија. Задоволен од досега реализираното Премиерот истакна дека станува збор за најголем инфраструктурен проект кој во моментов се реализира на Балканот.
„Градежните работи се одвиваат побрзо од планираното. Досега беше планирано да бидат завршени 7,9 проценти а завршени се над 11 проценти од работите, така што може да се каже дека сме во една понапредна фаза - рече премиерот Груевски.
Во моментов расчистена е 85 проценти од трасата на автопатот а изведувачот фирмата Актор работи на пробивање на првиот од двата тунела на новиот пат. Досега се пробиени 300 од вкупно 1200 метри долгиот тунел.Според планот, Актор планира тунелот да го изгради за период од 7 месеци.
На новата делница е предвидена изградба и на пет мостови. Автопатското решение ќе има по две ленти а предвидени се и две клучки кон селата Миравци и Смоквица. Патот е долг 28 километри а неговата изградба започна лани во септември. Со него, во 2016 година кога ќе биде готов, ќе се комплетира главната оска на Коридорот 10, кој поминува низ земјава и Македонија ја поврзува со Европа и Солунското пристаниште.
Овој проект се реализира финансиски средства обезбедени од ИПА програмата, од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка. Во изградбата учествува и државата која одвои средства од буџетот.


 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер