Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
ПочетнаАрхива

Одбележан патрониот празник на училиштето во Демир Капија

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Годинава се навршија 70 години од загинувањето на Народниот херој Димче Ангелов Габерот кој славно загина на 12 мај 1943 година за време на НОБ. По тој повод учениците со своите просветни работници подготвија богата културно уметничка програма посветена на овој херој.
Прославата започна со положување свежо цвеќе на подигнатата спомен биста во училиштето, а потоа граѓаните од Демир Капија и поканетите гости се упатија кон Домот на културата Мирка Гинова. Тука пред започнувањето на приредбата, градоначалникот на општината Демир Капија, Трајче Димитриев ги поздрави граѓаните и гостите, а на просветните работници и на учениците им го честита патрониот празник.Тој во својот говор се осврна за придонесот што го дава општината Демир Капија во изминативе неколку години. Со средства од министерството за образование, со обезбедени домашни и странски донации, како и со помош од општината сите училишни згради комплетно се реконструирани, опремени со нови клупи и столчиња, додека во селото Челевец е изградена и нова училишна зграда која е опремена со сите училишни потреби.
За развојот и за успесите што ги постигнуват просветните работници заедно со своите ученици пред насобраната многубројна публика говореше и Сребренка Тодорова, директорка на оваа образовна институција.Таа напомена дека учениците биле добитници на повеќе награди и признанија од учеството на распишани републички конкурски и организирани натпревари во повеќе предмети.По обраќањата на градоначалникот и директорката на ООУ, започна приредбата која ја воодушеви публиката.

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер