Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
ПочетнаАрхива

Започна асфалтирањето на локалниот пат што води кон селото Дрен

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

Деновиве работниците нa градежното претпријатие „Алпина“ од Скопје вршат асфалтирање на локалниот пат кој што селото Дрен го поврзува со Демир Капија. На оваа сообраќајница се врши реконструкција за да се избегне опасноста од ударните дупки но и да се подобри безбедноста на патниот сообраќај како за возачите на моторните возила така и за пешаците кои секојдневно го користат овој пат за извршување на своите потреби. Со реконструкцијата се изврши проширување и се постави нова асфалтна лента во должина од 2500 метри, широчина од 4 метри и банкини од по еден метар. Покрај ова, од едната страна се изградија и канавки за прифаќање на отпадните и атмосферските води. Според планот, се изгради и крак на самата раскрсница каде што патот свртува кон селото Дрен и локалитетот Дошница. Од страна на општина Демир Капија овие стедства беа обезбедени од европската банка за обнова и развој. Имено, на овој патен правец општина Демир Капија посветува посебно внимание поради тоа што овој локален пат води кон излетничкиот локалитет „Дошница“ што ќе придонесе за развојот на туризмот.

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер