Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Туризам

  • PDF
  • Печати
  • Е-пошта

 

 

Непосредниот рељеф околу Демир Капија има посебно место во развојот на туризмот кој досега не го добил своето право место во општинскиот развој на населбата. Рељефните особености на овој крај од тиквешијата се извонредни елементи за туристичка активност, како што се гореспоменатата Демиркаписка клисура, ретко убавите стени, кањоните на Иберлиска река која се влива во река Вардар во самата клисура и ги дели источните стеновити маси на клисурата на два дела, потоа отворот на тунелот што го создава кањонот на Иберлиската река. Убавините на клисурата претставуваат посебна атракција за туристите и минувачите да се восхитуваат на творештвото на природата.

 

 

Клисурата е долга околу 19 км и се наоѓа помеѓу Тиквешката котлина на северозапад и Бојмија најугоисток. Страните и се изградени од модри шкрилци, преку кои лежат слоеви на модра крупна вар со мезозојска старост. Високи се до 1000 m и се многу стрмни. Најстрмни се во камениот дел при влезот на Вардар во клисурата.

 

 

Посебен елемент за идниот развој на туризмот претставуваат природните реткости на овој крај, т.е. спелеолошките природни појави кои се создадени во варовничките маси на Демиркаписката клисура. Во овој дел на демиркаписко постојат повеќе спелеолошки појави - пештери кои биле познати на населението уште од подолго време, но недоволно испитани и проучена можноста за нивната туристичка експлоатација. Познати се повеќе пештери од кои поголеми и позначајни се Бела Вода и горни и долни Змејовец. Овие пештери претставуваат природни реткости кои можат да се користат во туристички цели. Бела Вода е најголема пештера во Демиркаписко со вкупна должина на двата канала 955 m (долни канал 722 m и горни канал 233 m м). Змејовез е помала пештера, но затоа  богата со пештерски накити - сталагмити и сталактити.

Спелеолошките појави и богатството на истите темелно се проучени од Д-р Душко Мановиќ, кој има издадено научен труд: Пештерите во Демир Капија.

Од пештерите најпознати и делумно истражени се Горни Крастоец и Бела Вода лоцирана непосредно до старата траса на патот за Гевгелија. Карстниот подземен хидропотенцијал не е соодветен на површината на карстниот масив што резултира со ретки појави на празнења на карстната издан. Најпознати се изворите над населеното место Клисура каде што истите се од контактен тип и варираат во зависност од количините на водениот  талог.

Постојат уште две пештери: Долни и Горни Змејовец. Едната, Долни Змејовец е со должина од 40 m и има религиозно значење за мештаните. Втората, Горни Змејовец е со должина 150 m и се наоѓа на надморска височина на 701 m. Пештерата е богата со драпери, сталактити и сталагмити, со што може да се споредува со Постојинската Јама во Словенија.

Она што е интересно и што предизвикува внимание на секој посетител е постоењето на пештерите во Демир Капија, кои за жал, се уште не се доволно истражени и проучени и достапни за пошироката јавност. Во клисурата постојат повеќе пештери, од кои шест се на левата долинска страна, а три се во ридот на Крастоец. Најинтересна е пештерата Бела Вода" расположена покрај стариот пат за Гевгелија. Вкупната должина на пештерските канали изнесуваат 955 м. Дното на долниот канал постепено се издига, на места се проширува во галерии, а некои имаат урнати карпи од таванот, кој го одделува од горниот канал. Долниот канал нема пештерски накит, бидејќи е млад по својот постанок, а по дното има песоци, што укажува на повремен водотек низ пештерата. На крајот на каналот е Маргаритино езеро со пречник 8 х12 м и различна длабочина од 4 до 8 м. Горниот канал на некои места има пештерски накит.

Од обилното природно и културно-историско наследство во Вардарскиот регион, посебно се издвојува споменикот на природата „Демир Капија“ кои претставува значаен ресурс за развој на туризмот. Долгогодишната традиција за производство на вино овозможува развој на винскиот туризам.

 

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер