Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Општина Демир Капија доби ново возило за собирање на смет

  • Печати

520Во Јапонската канцеларија за врски во Скопје од страна на градоначалникот на општина Демир Капија, Трајче Димитриев и представникот од Јапонската амбасада во Виена, јапонскиот дипломат Наојоши Јонејама беше потпишан договор за грант од Програмата за поддршка на мали проекти при Владата на Јапонија.

Повеќе...

 

Извршување градежни работи на улица 11 октомври

  • Печати

slika raskrsnicaВо Демир Капија се започна со извршување на градежни работи на улица 11 октомври.Се поставува канализација во должина од 100 метри и се врши проширување на еден дел улицата за нејзино нормално приклучување на постоечката раскрсница.Средствата за извршување на градежните работи се обезбедени од општина Демир Капија.

Повеќе...

 

Изградба на ново училишно игралиште во Демир Капија

  • Печати

Novo igralisteБогородичниот турнир во мал фудбал кој што традиционално се одржува ,од оваа година ќе се одржи на новото игралиште кое интензивно се гради во рамките на основното општинско училиште Димче Ангелов габерот во Демир Капија. 


Повеќе...

 

Научно истражувачки проект за пештерата Горен Змејовец

  • Печати

slikapes1Оваа година во рамките на научно истражувачкиот проект истражување на пештерата горен змејовец кај Демир Капија се спроведоа археолошки истражувања во пештерата.Тоа е пештера одалечена околу 8 км од Демир Капија која што во античко време претставувала светилиште, а за тоа сведочат откриените стотици фрагменти од садови, теракоти кои што се откриени на оваа истражување како и оние кои се откривани неколку децении наназад. Сепак во рамкита на еден проект подржан од министерството за култура на Република Македонија и во соработка со Домот на културата Мирка Гинова од Демир Капија се започна со систематски археолошки истражувања .

Повеќе...

 

Поставување на фекална канализација во село Чифлик

  • Печати

slika22072013Во последниве неколку години општината Демир Капија посветува големо внимание во селските населби со цел подобрување на условите за живеење.Покрај изградбата на водоводи ,за подобрувањето на комуналната хигиена се инвестират средства и за изградба на фекални канализации за прифаќање на отпадните води.Во селото Чифлик жителите одамна се здобија со водовод, а деновиве овде започна и изградба на фекална канализација во должина од 85о метри што претставува само еден крак од вкупната линија која изнесува 2016 метри.

Повеќе...

 

Позитвно мислење за Тригодишната Програма за Енергетска Ефикасност

  • Печати

DSC 0514Денес, Општина Демир Капија доби позитвно мислење за Тригодишната Програма за Енергетска Ефикасност. Позитивното мислење за Програмата за Енергетска Ефикасност на Градоначалникот Трајче Димитриев му го предаде директорот на Агенцијата за енергетика на Р.Македонија, г-дин Лазар Гечевски. Посетата се искористи и за разгледување на потенцијалите и можностите за искористување на обновливите извори на енергија што ги има на територијата на Општина Демир Капија.  

Повеќе...

 

Страница 9 од 10

ОПШТИНА

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер