„НЕДЕЛА НА ТРАДИЦИЈАТА СВ. ТРИФУН 2019 ГОДИНА“ ДЕМИР КАПИЈА

 

11.02.2019 – Понеделник – 12 часот

Подигнување на фестивалско знаме

Официјалниот почеток на манифестацијата „Недела на традицијата Св. Трифун 2019 година“ – Демир Капија се означува со подигнување на фестивалското знаме во центарот на Демир Капија во 12 часот на пладне, при што настанот е проследен со пригодна програма во чест на Св. Трифун, подготвена во соработка со О.О.У “ Димче Ангелов- Габерот” од Демир Капија.

12.02.2019 – Вторник

– Натпревар во најдобра домашна ракија
– Натпревар во закројување на винова лоза
– Натпревар во најдобро домашно вино

Натпреварите за најдобра домашна ракија и најдобро домашно вино започнуваат во 10 часот и се спроведуваат во просториите на општина Демир Капија. Оценувањето на квалитетот го врши комисија составена од енолози со признато искуство.
Натпреварот во закројување на винова лоза се релаизира на лозов насад и ќе започне во 14 часот, а оценувањето на извршеното закројување (техника и брзина) го извршува комисија составена од агрономи.

12.02.2019 – Вторник – 19 часот

Во соработка со Дом на Култура “Мирка Гинова” во Музеј Демир Капија ќе се одржи културна вечер со џез настап на студенти од Музичката академија при Универзитет “Гоце Делчев” од Штип и отворање на изложба со дела од Лесновската ликовна колонија. Културната вечер ќе започне во 19 часот.
Поставката со дела од Лесновската колонија ќе може да се види и во наредните денови, како и на 14ти Февруари, Св. Трифун.

13.02.2019 – Среда – 17 часот

Едукативна трибина
“Лозарството и агротуризмот”
Организирањето на трибината е со цел – информирање на лозарите како да го прошират своето работење со вклучување на туризмот, како дополнителна дејност и можност за поголема заработувачка.
На трибината гости говорници ќе бидат:
– професор д-р. Оливер Филиповски – Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет “Гоце Делчев” од Штип
– професор д-р. Дејан Методијески – Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет “Гоце Делчев” од Штип
– професор д-р. Георги Мичев од Бугарија – Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет “Гоце Делчев” од Штип
– г. Љупчо Јаневски – директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија
На трибината ќе бидат презентирани успешни, регионални примери од вклучувањето на лозарството во агротуризмот и како активностите во лозарството можат да се искористат за туристичка понуда. Исто така ќе се разговара и за воспоставување на соработка помеѓу лозарите и останатите чинители во туризмот од Демир Капија. На трибината ќе бидат соопштени резултатите од одржаните натпревари за најдобро домашно вино, најдобра домашна ракија и најдобар закројувач.

14.02.2019 – Четврток

10: 00 часот- Плоштад Демир Капија

Културно уметничка програма – Марјан Георгиевски – водител на програмата
• Старт на велосипедска тура
• Настап на пеачка група при Здружението на пензионери Демир Капија
• Настап на КУД Мирка Гинова – Демир Капија
• Настап на ДаКапо БЕНД
• Настап на национален ансамбл МАКЕДОНИЈА
12:30 часот – Церемонијално закројување на винова лоза од страна на Градоначалникот и почесен гостин. Доделување на награди и признанија за најуспешните натпреварувачи во трите натревари.
• Настап на група ЉУБОЈНА,

Придружни активности на плоштад

11:00-14:00 – МастерКлас за подготовка на храна со вино на отворено на плоштад со готвачите:
1. Елена Сотирова – Ресторан ”Пастел”
2. Бобан Симоновски – Ресторан Еквалибриум, Macedonian multi ethnic culinary chefs MMCC
3. Петар Станојевиќ – World Association of Master Chefs

10:00-15:00 – Базар на вино, ракотворби и традиционални производи

Одржана шестата вонредна седница на советот на општина Демир Капиja

На ден 29.01.2019 година советот на општина Демир Капија ја одржа шестата вонредна седница на која на дневен ред беше разгледана и едногласно усвоена Одлуката со која се уредува долгорочно домашно задолжување на општина Демир Капија, кое ќе се оствари преку потпишување на Договор за под –заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, во висина на 11.000.000 денари, а со цел финансирање на проектот „Реконструкција и надградба на Дом на култура Мирка Гинова од Демир Капија“. Задолжувањето ќе се реализира по пат на домашно долгорочно позајмување преку Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, под одредени услови.

Состанок за збогатување на туристичката понуда на Демир Капија

Деновиве во присуство на Градоначалникот на општина Демир Капија, директорот на агенцијата за промоција и развој на туризмот во Р. Македонија како и претставници на давателите на услуги во сегмент на туризам, претставниците на спортските клубови и кординаторите на културните и спортски манифестации се одржа состанок на кој се разгледаа актуелните проблеми од оваа свера и дебатата во која земаа учество поголем број од присутните. Се заклучи следново: Да се изготви катастар на сите ресурси во општина Демир Капија, природните, историските, духовните и научните и истиот да послужи за изготвување на студија за развој на туризмот во општина Демир Капија од која ќе произлезе акционен план и формирање на тимот за реализација на истиот. Во дискусијата директорот на агенцијата даде целосна подршка и нагласи дека агенцијата ќе помогне за иницијативата на градоначалникот Лазар Петров и ја пофали како неопходна во смисол на нејзината реализација бидејќи во економска смисла туризмот стана петти елемент на економски развој во Р. Македонија.

                                         

Честитка по повод новогодишните празници

Почитувани сограѓани.
Влегувањето во Новата година претставува желба за нов почеток со нова енергија, нови надежи, нови успеси но и нови предизвици кон кои треба гордо да се исправиме и успешно да ги надминеме. Годината што следи треба да биде година на поактивно ангажирање на сите полиња во општеството , со една единствена цел – подобрување на стандардите и нивото на живеење во општината овозможено со проекти за економски напредок.
Почитувани граѓани , и во новата 2019 година продолжуваме и понатаму заедно да работиме за модерна, развиена и европска Демир Капија !
Ке работиме како и до сега, доследни на кажаното и искрени кон секој граѓанин на нашата општина. Ке продолжиме да се движиме по планираниот пат за развој на Демир Капија !
Ви посакувам овие празнични денови да ги поминете во мир и благосостојба!Имајте моменти исполнети со многу здравје, радост ,среќа и бериќет.
Од свое лично име и од името на локалната самоуправа, ви посакувам среќни Новогодишните и Божиќните празници !
Со почит, Градоначалник Лазар Петров.

Одржана 16 седница на совет на општина Демир Капија.

Советот на општина Демир Капија ја одржа шеснаесетата седница на која беа разгледани и усвоени 26 точки од дневниот ред. Откако беа разгледани записниците од претходно одржаните седници се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоен Буџетот на Општина Демир Капија за 2019 година кој е планирано да изнесува 128.670.735 денари. По разгледувањето на втората точка од дневниот ред беше усвоена и донесена Одлука за извршување на Буџетот на општина Демир Капија за 2019 година.Tретата точка откако беше разгледана беше донесена Одлука за утврдување на висината на благајнички максимум за 2019 година. Потоа се премина на четвртата точка на која беше донесена Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година. Петтата, шестата, седмата и осмата точка по разгледувањето исто така беа усвоени а се однесуваа на донесување на Одлука за давање на трајно управување и одржување на инфраструктурeн објект Водоснабдителен систем за населено место Корешница, Одлука за давање на трајно управување и одржување на инфраструктурeн објект Водоснабдителен систем за населено место Бистренци, Одлука за определување на крајбрежен појас на регулиран водотек 1“Поток 1“ и регулиран водотек 2 “Поток 2“ во с.Корешница, општина Демир Капија, опфатен со урбанистички план за с.Корешница, општина Демир Капија и Одлука за определување на крајбрежен појас на регулиран водотек 1 “Поток 1“ и регулиран водотек 2 “Поток 2“ во с.Клисура, општина Демир Капија, опфатен со урбанистички план за с.Клисура, општина Демир Капија. Деветата точка по разгледувањето беше усвоена а се однесуваше на Програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Демир Капија за 2019 година.Потоа се премина на десетата точка на која беше усвоена Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Демир Капија за 2019 година.Наредните пет точки од дневниот ред исто така беа усвоени а се однесуваа на усвојување на Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Демир Капија за 2019 година, Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Демир Капија за 2019 година, Програма за управување со отпад за 2019 година, Програма за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување во општина Демир Капија за 2019 година и Програма за заштита од штетното дејство на водите за подрачјето на општина Демир Капија (2019 – 2020 година).Шеснаесетата точка по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на усвојување на Оперативниот план за заштита и одбрана од поплави на подрачјето на општина Демир Капија (2019 – 2021 година). Потоа се премина на седумнаесетата точка на која беше усвоена Програмата за одржување на јавната чистота на територијата на Општина демир Капија за 2019 година.Наредните две точки од дневниот исто така беа усвоени а се однесуваа на донесување на Одлука за утврдување на пазарната вредност на градежно земјиште на подрачјето на Општина Демир Капија во 2019 година и Одлука за утврдување на пазарната вредност на земјоделското земјиште на подрачјето на Општина Демир Капија во 2019 година.По разгледувањето на дваесетата точка беше донесена Одлука за утврдување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Кавадарци и општина Демир Капија.Дваесет и првата точка по разгледувањето беше усвоена а се однесуваше на донесување на Решение за формирање комисија за изработка на Предлог-програма за работа на Советот за 2019 година.Наредните две точки од дневниот ред по разгледувањето беа усвоени а се однесуваа на донесување Решение за давање Согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2019 година на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија и Заклучок за усвојување на Програма за работа на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија за 2019 година.Потоа се премина на дваесет и четвртата точка на која беше донесен Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Демир Капија за 2018 година.Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и советнички прашања.